Јас гнездото од прв ден се уште го користам, бебето е скоро 5 месеци. Уште од болница посигурно ми беше како заградено на тросед или двосед ако го оставам, плус на чисто знам дека лежи, тука и си му менувам памперси во дневна. Од мене биг лајк
Има некој подарувани облека за малите од PatPat Germany? Сликите изгледаат предобро за да бидат вистинити.
Јас нарачав од Пат Пат УК - достава до таму кај братучед, па ни испрати по човек. Се е прекрасно - и материјалите се преубави
Јас имам нарачано од ПатПат некои материјали се океј, некои се лоши. По втор пат искрено не би нарачала.
@Bubce38 не земај гнездо. Не е препорачано од ортопед, меко е, а бебе треба да спие на тврдо. Плус бебињата сакаат да спијат со раширени рачиња, им треба простор, а во гнездо го немаат.
И јас воопшто не го искористив. Мома воопшто не сакаше да стои во него. Не го купив, подарок од кумата ми е, ама сепак преубаво е и жал ми е што вооошто не се искористи. Планирам здравје, кога ке почне да седи, да ја седнам внатре, да и истурам играчки за да си игра. Ке видиме колку е изводливо тоа.
Не ти треба за тоа ич. На подлога на под да јача мускулатура и каде што ќе има доволно простор да истражува самото. Денеска на пазарот има се и сешто ама повеќето работи се комерцијала и се скроз непотребни. И јас имам утки напраено, нели се што ќе видиш, сакаш да купиш.
Навистина е така, се сакаш да купиш, посебно за прво дете. За наредното веке знаеме колку толку што треба, што не треба.
Kako se so goleminata? Da ne treba edno brojce pogolemo da poracam? Ovie dve mi se veke vo kosnica, sakam da gi poracam.
Јас лично немам, ама золва ми ја извозе со све деца и задоволна. Немаат лифт во зграда и лесно се снаоѓаше со неа и дете