Тоа сивото го земав големина 0-3 месеци и големо му е (12 дена сме, роден 54 цм). Очекувам на 2-3 месеци да му е точно. Тоа со диносаурусите исто 0-3, малку како помало да е од сивото, ама и тоа му е големко сега. Општо се друго што нарачав земав 3-6 или 6-9 месеци, се си одговара на големината
Да превриеш цуцла, вода да згрееш за каша, чај, ад. За почеток и во него да вариш ориз гриз овошје зеленчук. Не мора да е лонче, битно да е само негово/ нејзино.
И јас планирав тенџерче да земам само за него, ама сега го видов и лончето па реков да прашам @0ли која цена се?
Врска немам Ги зедов двеве за варење овошје и зеленчук за кашички. Лончето е 420, а цената од тенџерчето сум ја фрлила, но би требало тука некаде да се со цена.
Ние пред некој ден ја земавме, предобра е. За разлика од таа која ја користевме до сега ова е како пердув. Со една рака се носи.. Ние сме баш задоволни
Бодињава по долги се 6-9 од George., али се многу малку поголеми од 3-6 што ги имав по кратки. ( Пред перење ги измерив во должина се 38.5цм. Се надевам дека нема да се соберат, и дека бебла ќе може да ги износи барем 2-3 месеца )
Фала ти, стварно се убави и премеки. Инаку се нарачав од George. со достава до Германија, и дедо ни ги донесе
Ги порачав истите три, ѕвездички сатурн и на риги од detska obleka H&N на фб, од George се, брзо стигнаа
Здраво мајки, нз дали е за тука ама можеби некоја од вас порачувала од тука, ги гледав пешкирчињава или бањарчиња па ме интересира дали некоја знае каков е материјалот, дали сте порачувале? Благодарам однапред
@Sandra456* Бодињата се 400 ден, а бордо фустанчето е 330 ден Моментално цените во Турција се преефтини за шопинг
За пешкирчињата не знам, но јас имам нарачано пом пом ќебенце и е прекрасно, памучно, преубав материјал. Верувам дека и пешкирчињава се со убав материјал.