https://instagram.com/mybaby.mk?igshid=yzqu6rihezz2 Сите се од тука. Убав е материјалот, многу ми се допаѓаат и се баш пристапна цена.
може и слики од неколку страни внатре? и јас сакав ваква да нарачам па да видам каква е, на инстаграм само од кориците имаат слики.
Од фб повеќе слики имаат ставено. Мојата ја испишав делот за првите денови, па затоа ги најдов од фб и еве ги. Секоја страна е рустикална со нежни бои и текст со убав ракопис, доста место има за сликички да се залепат. До пола е за првите работи, семејно дрво, прво бањање, прва прошетка, први движења, насмевки. Отпечатоци од рака и нога. Од пола потоа е за секој месец посебно колку кг и см е да си внесиш, и како поминал месецот, што ново научиле и слики да се залепат. На крај е златново писмо кое можеш внатре да ставиш писмо за кога ќе пораснат да го отворат и прочитаат. Дебели корици се и страници. Мене мн ми се допадна, убаво спакувано и рустикално Спојлер: Слики
И да и не, земав 2 шпихозни и квалитетот им беше одличен, им се дупнавме од носење, ама потоа нарачав и едно троделно комплетче и катастрофа е, погрешно сошиено, фелери еден куп, ужас. Претпоставувам такво се погоди. Пак би нарачала, може требаше да им го вратам ова никаквово Доставата е за пофалба, нареден ден ги добиваш.
Па од комплетите баш планирав да нарачам... тие што се во кутија на видеата. Ај, ќе ризикувам со едно па ќе видам како ќе се погоди. Фала ти!
Јас имам нарачано комплет Вака изгледа одлично. Материјалот на допир е фантастичен. За практична употреба ќе почекаме до декември
Имам и шпикозни и дводелни и комплет 1 од тие 10делните што се со ќебенце тенко.. Перени се, неразвлечени, и овде ги постирав, повеќето ми се подарок од моите. Задоволна сум, убав памук се, нас ни се погодија