Многу е убаво, создравје нека си спие. И постелнината исто. Ги видов мк овие, сакав да купам ама не можев, превоз ова она не можев да го донесам тука.
Јас користам. Бебето никогаш не го оставам само. Го пресоблакам и го земам. Се што ми треба за пресоблекување ми е во првата фиока од комодата.
Дали е попрактично одколку на спалната да го пресоблекуваш? Мене најбезбедна ми е спалната сепак. Само ќе ми е страв ноќе да не се заврте маж ми додека спие и да го тресне. Ќе морам да пазам на тоа.
Идеме кај свекрва ми на спиење и таму на спална го пресоблакам. Ич не ми е практично. Зошто влечам пелена за пресоблекување, па ајде после ја диплам таа за пак да ја искористам, па да земам влажни, крема, дете оставам на кревет. Сега веќе се врти, се превтува и не е за оставање сам на кревет никако. Па мрда, ја измрдал пелената за пресоблекување и ги фрлил влажните и намокрил на постелината. Ич не ми е згодно. Ако имаш место за пресоблекувална земи, не се секирај за паѓање. Не може да падне ако си до него цело време. На спална ми е безвезе ама има мајки што и така си функционираат и океј им е.
Мене ми беше најискористено нешто од сите помошни тракатанци. Го пресоблакав на тоа скоро 2 год. Никогаш не ми паднал, но секое пресоблекување 4 очи отворени. Така е зборот де, навидум страшно делува Почнав да го користам после 10 дена од раѓање, не ми беше купено до тогаш. Тие 10 дена, како за 10 год ми ја "скинаа" кичмата... Јас ако се прашувам, ич да не се мислиш.
Едно време се мислев да земам после се предомислив. Затоа што се користи ептен кога е бебе до кај 5 6 месеци највеќе, после тоа се врти превртува и нема шанси да го пресоблечеш на тоа. Јас цело време го пресоблекувам на кревет и не ми било проблем во никој случај. Прво земам се што ми треба (памперс, влажни, павловичева), легнувам дете, пресоблакам и тоа е тоа. Не би земала пресоблекувална ни за 2ро Тоа е мое мислење.
@BabyD0ll Можеш комода да си земеш без дел за пресоблекување и да земеш подлога, на пример ваква и ќе си ја ставиш над комодата, а можеш и на кревет да си ја однесеш. И во вц над машина ја ставав додека беше помал, практично ми беше за миење газе после какање бидејќи блиску ми беше лавабото. Убави се, меки, водоотпорни и од страните се издигнати, па не може да се стркала додека не се врти, но секако треба да се внимава и да не се остава само на неа. Моето е 6 месеци и е многу динамично, се врти и превртува, па уште ја користам. Ја ставам пред мене на кревет и седнувам кога го пресоблекувам (штеди си кичма), одамна не го ставам на комода откако не е статичен и сепак посигурно се осеќам кога е на неа.
Епа јас за вакво мислев, имаме фиоки од бебе хоме и над нив има ваква, ја земав од бебе супермаркет Спојлер: Комода
Дали имате порачувано од ПиКи за играчки, како сте задоволни од услугата и квалитетот на производите?
Ако се има простор може и комода па врз неа,ама јас дека немав место за комода,подлогата си ја ставав врз креветчето.
И ние си земавме само подлога и ја ставивме на едното креветче па ќе видиме како ќе биде. Од локо кроко ја земавме
Јас денес порачав втор пат од кај нив. Играчките не се некој незнам каков квалитет, стандардни да речам.. А услуга презадоволна, екстра брзи се, денес порачува утре е стигнато. Порачав кола голема баш и ептен беше добро спакувана. Да надополнам и цените се многу пониски од локални продавници барем во мојот град. Се на се презадоволна.
Од ПиКи имам порачано подлога за да игра на земја и од услугата ептен сум задоволна. Љубезни се, праќаат слики.
Ви благодарам @mamaJana и @0ли, ми фатија око некои работи, а и цените им се доста пристапни па затоа прашав
Кај да најдам убави тракички за глава? Цветни бордо не можам да најдам. Преку 10 имам и малце ми се, од Али си порачав ама кој знае кога ќе стигнат..