Од локална продавница во Кичево, искрено не ни знам како се вика . Повеќе продаваат колички и креветчиња, но имаат и нешто гардероба.
Зависи колку е ладно и за каде ке одите. Овој ми изгледа доста дебел, па за шетање ако не е многу ладно, шпихозни и боди се доста. Немаме толку ниски температури ние за многу слоеви.
@Butterfly1107 вчера ја шетав на 3С на сонце,под скафандер само хеланки ,боди на кратки и боди на долги имаше.Заспа одма,и дојде топличко.Се плашев да не се препоти,но изгледа таман беше.
Веледа за ветар и студ ја намачкав убав слој,и беше упиено кога се вративме,а лицето топло и остана иако спиеше.И капче нормално,ако имаш со “ушиња” уште подобро.
Мајки ајде еден совет ако може од поискусни.Сакам да земам вреќичка за спиење за новороденче.,па каков модел би бил повеќе добар?Со ногавички или онака дупка само Каде има добри? Во Стружанка дали има?
71фр,барав да ти пратам линк ама се потрошиле изгледа,лански се. Имаш шпихозни и сетови некои по смешни цени 20-30 фр,на официјалниот сајт ама,ако сакаш ке ти испратам во порака. Иначе е 74ка,според нив за 12 мес,мојава е 7+3 недели,малце и е големко.Една зима се користи,повеќе не за жал,ги надраснуваат брзо. @Happyinlove ова е прво нешто бејби пинк што сум купила,строго во неутрални бои ја облакам.Ок,пастелно розе има неколку парчиња.Пред некој ден шетајќи со количка сретнав школски на м.м,Србин,и му вика на синчето-Доџи сине да видиш малу бебу,чика И. је добио бата
Јас првата вреќичка ја зедов со ногавици и синко не сакаше да заспие во неа. И сега на 16 месеци во со дупка спие и не го мислам. Јас со ракави земам од бејби ко и тила, има и по локални продавнички.
Значи подебел слој да ставам, доста брзо му го упива и брзо му го снемува од лицето. За новороденче имав земено од Анжи, број 56 и ептен беше убава. Бела, мека, памучна и дебелка. Немаше ракави, не беше со ногавици. За толку мало бебе попрактично за облекување и соблекување ќе ти биде без ногавици, ќе му менуваш пелени и полесно е ако е дупка, гледај патент да има за фр-фр да биде брзо откопчувањето. Исто така верувам дека во топло ќе спие, па со ракави не мора да биде. Досега со ракави сум користела од Тила, но потешко му е да се раздвижува со таква, па земам само без ракави, а со дупка. Со ракави е подобро ако се спие во постудено, па да му е потопло.