Јас нарачав чизми за керками тоес девојчето што работи таму ги нарача, ми стигна меил дека се нарачани и колку треба да платам кога ке стигнат, еве 8 дена се поминати нема ништо уште да не треба да пуштам некој меил?
Леле истиви раб од C&A белкото го иам и она со мики маус само кај мене е др боја , и ракавичките исти мн ми се преслатки
Да, планирам во тоа плишаното да го изнесам од болница, ама тука викаат ќе се скувало бебето. Ти кај живееш, машко ќе биде и твоето?
Имајте на ум дека особено машките бебиња не треба да се облекуваат премногу, да не се прегреваат поради тестисите. Во транспортер во кола не треба да е наоблечено, самиот транспортер е како скафандер да има, па не му треба дополнителна облека што ќе го претопли.
Па не знам искрено, ја би му ставила боди на долги, и хеланки и одозгора ова. Може е премногу боди, шпикозна и ова? Еве овие хеланки, еве како изгледа внатре ова целокупното.
Машко е да Јас сум во мк , ама голем дел од алиштенцата земав од c&a од германија .. Исто мислам и јас не треба многу облека , зeми обични шпикозни памучни или дво делно нешто и 5ка ќе е , овие остај ги плишените за од после , јас имам едни шпикозни на ум памучни и боди на кратки одоздоле , капче памучно тенко и ќебенце врз транспортер за до кола и ајт доста е .
Јас би го облекла во боди со долги и шпикозни одозгора, капче памучно и со ќебе да се покрие. Ептен те сфаќам дека ти е мерак, сосема го разбирам тоа, целосново е слатко, но многу е. Ако му го облечеш, како јорган и ќебе да си ставила и плус во транспортер во загреана кола некако претерано е според мене.
Јас ќе се пораѓам во Јануари и планирам вака да ја изнесам; Боди на долги, тенки хулахопчиња, и едноделни шпикозни капче секако Одозгора земав подебелко плик ќебе. Само не знам дали ќе собере така во транспортер..? Или па потенко ќебе.. Ќе пробам дома па ќе одлучам