Да да за од болница .. За дома и општо такви работи Јас земав два пара хулахопки ама све е у кеса не ми се ни отпаковани да ги видам какви се , колку да ги имам дома ги земав На моменти си викам колку сум труп , се у кесите чувам еднаш два пати ги прегледав онака работите што ги купив со ќерка ми од рака не ги пуштав , сеа се си викам има време рано е и само како купувам пикам на едно место , мерак ептен иам дури порано и почнав со купување овој пат ама ептен лабава сум
Мајки од Tiny Baby Shop шпикозни од 0-3 месеци, ке му бидат големи многу на новороденче? Имаат акција 5 шпикозни за 1100 мкд сакам да порачам ама се мислам поради големината..
Искрено најубав совет ти е да си земеш малечки неколку 50ки, зошто се ќе му биде ко торба؛ Јас од таму имам од 3 месеци и се големки ама до 3 мислам ќе мозете од 2 недела؛ Инаку преубав материјал се
Не можеш да знаеш колкаво ќе се роди, но верувај многу брзо растат првите месеци. Ако не му се таман веднаш штом се роди, за две три недели веќе ќе му ги облечеш.
Зависи од бебето, ама убаво ти кажале, за некоја недела ке се точни. Ич не се мисли, порачај ги, јас имав за синко и супер квалитет се.
Дома сигурно нема да ти е под 15 степени, не ти се потребни хулахопки за внатре. Не ги наоблекувајте многу, повеќе штета може да направите. Кај машките една од најчестите причини за неплодност е претоплување на тестисите, прочитајте малку за ова, па можеби ќе размислите пред да го наоблечете и прегреете во затоплен простор. Носат и пелена, па уште и ѕиври или хулахопки, па шпикозни, скафандер, ќебе и згора на тоа ставено во транспортер. Најдобронамерно се даваат овие совети. Баталете мерак кога нешто се кажува дека не е океј.
А и алиштата за излегување од болница се преценети. Да не ви кршам мерак, ама навистина се небитен детаљ.
Се, со согласувам со тебе, башка па и сега со коронава, едвај чекаш да излезеш од болницата. Но, ете меракот е голем Јас, и овде да си прашам, кај имаше да се купи жабичката што се става за подлога при банјање ???
Постелнинава од Енци Менци ми ја донесоја ама уште не е отворена па нема да може да се види, затоа вака.
Има многу избор во ТЦ Бисер на приземје Асатекс или така некако се вика продавницата јас купив 450 денари.
Не ги ни планирав јас тие за дома да трупам , ни имам намера , ќерка ми е 3ипол години на прсти се брое хулахопки колку има носено , за по надвор ( освен за со фустан ) за дома уопште нема , и боди на долги дури рeтко носела , а не па другово бебе да прртоплувам . Спиеме на околу 20° зимно време .. Имам доволно читано и искуство , мисла ми беше за од болница да не ќе треба плус одоздоле оти е крај на јануар , а за дома немам мака и мисли , доволно ми е познато како треба Скафандер си земав за прошетка за на воздух у двор , а за од болница си кажав шпикозни и ќебенце .. А и новите мајки мерак му е немаат искуство не им кршите толку апла атер и нафрлување , прво им е нека земат што сакаат сите сме биле у таа ситуација , нека стават поеќе раб во торбица , спрема денот и со сестрите ќе се најде соодветна комбинација , сигурно некоја не сака да го претопле или маче , и самото бебе ќе им покаже како му е удобно , сите сме утнувале на старт ..
Моето е 1 месец му ги облекувам од кај нив од 3-6 и му се супер не да го стегам ама не ни висат на него. Јас се сполетав изнакупив 50ки и 56 алишта 50ки ги облече само еднаш, 56ки веќе му се мали. Јас не сакам облека да виси на бебиња ама сега да сум би купувала поголемки вака пола алишта останаа не облечени
3660 се роди, сега на месец му де добри од 3 до 6м, на почеток сигурно ќе му беа од 0 до 3 добри но поентата ми е да нр купувам голем број мали пошто брзо ги израснуваат а 50ки еве нир буквално првата недела само ги облековме
Месец дена негде, шпикозните што се затворени на ноџињата веќе сите му де кратки. Ама сепак зависи и од дете. Имај и во предвид дека ако ти е прво на почеток кога му се баш точни работите ќе ти е мачно да го облечеш додека се ослободиш