Ве читав погоре за излегување од болница ( оф топик сори админ) Моето е родено неколку дена пред нова година. Излеговме во памучно комплетче дводелно и боди тенко одоздоле на долги. И чорапчиња (панталоните беа затворени нозе). И капче памучно. Имав ќебе, големо и дебело. Грешка. Прво, бебе во транспортер само покриено со ќебето, тоа големо, дебело, виси од сите страни... во кола го тргнав. Ама ни ваму ни таму беше работата. Тоа ќебе воопшто не го користам. Јас би ви рекла, нормално, меко, мало ќебе. И тоа плишаното со мики мислам може да помине. Хулахопки/ѕиври не. Дури мислам дека и сестрите што ќе облекуваат бебе може да ви кажат треба/ не треба.
Исечи ги шпикозните кај стапалата и ќе ги носи уште некое време. Јас ги носев кај шивач некои 5-6 пара, преубави ми се, а ги порасна многу брзо. Исечени се и направен е нов раб ама гледам дека можев и сама дома да ги средам.
Истата кадичка ја имам, ама за бебувче ви треба и дополнителна подлога за да лежи на неа. Не знам дали сте заборавиле да ја сликнете или не сте земале, ама ќе ви треба, многу полесно е отколку да го држите во раце бебето, а и тоа ќе си ужива кога ќе се шлапка. И колку ја земавте кремава за ладно?
Ние сега 5++ сме али дојде време да земеме поголема кадичка. Додека беше помалечка си ја користевме од бато кадичката. А за подлога имав едно пластично уште за баткото али некако ич не го користев И сега пак купив нова ваква Спојлер: подлога . Најчесто со мм ја бањаме, па он и држи главче јас ја бањам. А и дека мн е жилава, шлапа прета сака да се сврти и затоа пак не сум ја ставила. А баш сега што ме потсети, може утре да пробаме така. Може ново поинтересно да и биде Инаку Мустелата вчера од Зегин ја купив, имаше 20%, фати некаде околу 280тина ден.
Ви седи ли во подлогата? Јас имам една друга од локо кроко, скроз рамна како даска ама кога ќе ја ставам она не е стабилна и се плаши, и мора во раце а веќе е тешка.
Извини збунка сум малку, за која подлога мислиш? За оваа во коритце што се става или за таа што ја има за пресоблекување?