Свекрвата имаше земено и го пробавме еден ден. Многу е глупаво некако детето го поливаш со вода и додека му ставиш шампон стои мокро. Па поготово сега во зима така не знам колку е практично. Единствено да го ставиш под туш ако имаш проточна када и цело време да го тушираш и друг да го шампонира.
Мене ми е супер па мрежата. Го ставаме и поливаме да не мора во полна када да седи Ама моево е 2м за 1 месец ќе му ја тргнам кога ќе му стане интересна водата секако. Вака сега ми е практична. Седи мокро ама мене ми е 25-26ст така да тоа не ми е проблем. Се на се бањањето не ми е ни 5м. На брзина оди...
Нарачувал некој од Мапед кидс? Како се со величините ? Прв пат се охрабрив да нарачам онлајн, не можам да излезам на шопинг, видов не видов нарачав новогодишни комплети. Бебево има 3 месеци скоро, нарачав 6-9 утнав?
Јас користев нешто слично, само моето беше памук, а не мрежа. Супер практично за брзинско туширање и брзо се суши.
Па се водам по тоа дека сега ќе ги носи од ваикики 3-6, а турскиве бројчиња обично се помали и затоа така нарачав. Ај ќе видиме па ако не ќе мењам ( многу ми е комплицирано да мењам онлајн нарачка, затоа не се осудував да нарачам до сега )
Зависи до моделче, не знам за новогодишните, немам нарачано, ама и да е малку поголемко не е страшно. Обично турскава роба е со европски стандард за големини. Ама еве, синко е 4+ па секогаш носи од поголема возрасна група.
Синко не сакаше ни за жива глава, а и ќере прееска не беше мн заинтересирана Мене најубаво под главче ја држиме, и прета со раце и нозе си уживка. Да пробаш тетра пеленка да ставиш врз подлогата, полека да ја ставаш да видиш дали нешто ќе упали па да засака да си лежи на неа :/
Можеби е надвор од темата ама накратко сакам да ве прашам со што ги перете и на колку степени новите алишта за новороденче?