А оние плишани шпихозни? Или од каде да знам некое од алиштата да не ми пушти, до сега не сум перела бебешки алишта, немам појма.
На 40 степени не би требало ништо да пушти. Али за секој случај можеш да додадеш од тие крпчињата фаќач на бои ( во Дм ги има нивните најисплатливи доаѓаат )
Јас за сите алишта користам фаќачи на бои. Со тоа си е супер нема да мора да се грижиш дали ќе се офарбаат
Дајте слика од тоа, како да барам? Пример ако ставам и крем боди, нема да се офарба, да речеме? И дали ќе се уништат во машина тие плишаните? Многу прашања.
Па да треба да ги заштити, намената е да ставиш различни бои облека и ова крпчево ги упива ако некое пушти. А за плишаните, на 40 мислам дека ок ќе останат, евентуално може на помала центрифуга да ги пуштиш.. едит: овакво кутивче од 50 се негде +/- 200 ден (одамна не сум купила па не ми течнува точно)
Еве ја ова од кам го купувам околу 65-70 ден. Нема ништо да ти се офарба. А и плишани сум ставала и до сега било океј
Новите алишта ги исправ со прашокот што го користиме за нас, заборавив како се вика ама е течен, омекнувач ленор плавиот тој ми е најдобар, на 30 степени. Јас ставам омекнувач и на почеток и 30мин пред да заврши машината. После ги испеглав. Само ги одделив фармерчињата и темните од останатите, фармерчињата можат да пуштат во белите.
За веќе исфарбани не помага за жал, али ајде нека каже некој некое чаре. Сигурно многу тука би сакале да знаат
Е супер, ќе си ги купам. И по колку вакви марамчиња се ставаат внатре во алиштата, во едно перење? По едно или повеќе?
На бебешките знам и по две три да ставам ( со тоа што можеш пак да ги користиш ако не фатиле мн боја), а во нашите дека најчесто ги делам темни и светли ставам по едно или некое веќе користено..
А ќебенциња, пешкирчиња, бањарче, исто можам со нив да ги пуштам? Не се бели во боја се сите, некои се и плишани, некои како со крзненце од едната страна. Те испопрашав се, фала ти многу. @Sandra1206
Јас перам со бебешки течен прашок Фрош, имам и омекнувач ист ама го користам само за ќебенца и пешкири и ставам ептен по малце. Јас сите алишта ги перам на 40степени и ставам разни бои и до сега ништо ми се нема исфарбано.
По едно, ако е крпичката на повеќе делови свиена можеш и да ја исечеш така ќе добиеш повеќе,а исто ќе фаќа. Ќе внимаваш колку ставаш и после од кога ќе завршиш со перење види дали ти се на број крпичките. Мене ми се затна пералната од нив. Се заглавиле неколку во цревото за одвод,а јас не приметив колку искарувам. Исто така треба да ги чуваш на суво да не се на влага да не се намократ, бидејќи ќе ја немаат функцијата на фаќачи на боја ова од искуство. При чистењето на вц ми се намокри кутијата и не ја фаќаа бојата.
Мене ми се офарбаа боди на синко иако не перам ништо на повеќе од 40, од негови алишта. Ги исушив офарбаните и после ги исправ со Ариел за бели(прашкаст) на 90.
Можеш да ги ставиш, провери само на ќебенцата етикетата што вика да не треба на 30 да се перат (језда нема некоја голема разлика од 30 и 40). А бањарчињата, пешкирчиња лице што и бришам, постелнини и сл знам да ги соберам заедно и од време на време да ги пуштам и на 60 да се исперат убаво. Додуша и со самото тоа кога ги сушиш во сушара се уништуваат бактерии ако има нешто, се дезинфицира исто како да ги пеглаш Ајде ќе си пуштиш една две машини, ќе видиш како со кое ќе ти оди па ќе се уходаш