Со Ариел течен, ќе внимаваш на крај или на бејби програма или ако нема таква на дополнително плакнење уклучи ги, да се исплакне детергентот убаво. И омекнувач не е препорачливо, исетливи им се кожичките, а и носињата. Не трпат јаки мириси, парфеми. И на твоите алишта помалку омекнувач ставај и не ставај парфем
@MilaSs12 @thelittle17 Фала. Сите се од странство, конкретно Мики маус од h&m, пижамите Fred and Flo мислам дека од Tesco. Само зелената блуза со ирвасот е од Waikiki.
Леле колку убави работиии, во Германија живееш? Ми иде да тркнам сега до х&м поради тренерките. Скафандерот и тоа јакната без ракави од кај ти се?
Со здравје да ги носи, преубави се сите. Што убаво кога имаш некој така да ти донесе. Јас гледав да порачам од оние страните на фб ама многу се скапи. Јас и онака трошам многу пари за облека, ама ова е претерано. Картерс од странство ми носеа, троделни комплети беа 10 13 долари на попуст, кај нас истите 2000.
Баш така ама и таму треба да погодиш попусти, инаку не е евтино секогаш. Овој мојот нема лимит, прекинав да прашувам за цени за да не се нервирам (јас сум штедачот кај нас). Германија, Грција, Англија и Чешка се скапи за наш стандард ама има убави попусти. Словенија на пример е изгор и со попусти. Да видиш Грција дали имаат достава, од h&m во Солун доста евтино имам купено. Па и во Ниш има продавница мислам ако ви се шета.
Здравје кога ке шетаме е лесно, јас би сакала да е достапно и кај нас, како зара или окаиди. Скапо е ама јас си чекам попусти и си порачувам. Сега за пролет му купувам на синко, пред некое време блузи за 300 денари му купив од окаиди. Како дали има достава? Знам дека немаат достава, само не знам овие од фб страните како порачуваат.
Знам дека h&m (нив ги земав како пример) имаат деливери ама не знам дали може во Мк, како George на пример.
Тоа е друго, знам дека имаат ама кај нас нема, како се друго, ни ова нема. Ке почекам ако отворат кај нас за година две.
Здраво каде можам да најдам од тие гумени кадички што се собираат и спуштаат за бебе што ги имавте објавено некој од членките? Дали ги има во Скопје? Или во некој од другите градови во Македонија?
Сличен скафандер имам и мене ми е купен од странство (ако и тој ти е донесен) Ако е ист материјалот е прекрасен мислам такви тука нема Ќе ставам слика деновиве Гледам дека зборите за цени. Мојот скафандер беше донесен од Чешка не знам од која продавница Кошташе 15еу и беше купен во септември ( попуст на лански модели пред да донесат нови)