Тој шарениот можно е да е од Чешка, тој со диносаурусите знам дека е од Германија. Да, преубави се, дебели и внатрешноста е многу мека.
Дали имате порачувано бебешка облека од странство и колку се плаќа царини и слично? Не мислам на алиекспрес, туку на некои брендови. Ај ако може некоја мама да пиши
Јас ниедно од ваквите лигавчиња немам. Сè купувам од една страна памук, а оздола најлон, водоотпорни. Инаку и цела облека лом ќе ја прави, особено вода кога пие.
Да, брзо се мократ, затоа и купувам повеќе. Убави ми се кога ќе ги ставам врз маичка го дополнуваат оут фитот
Еее па штом е за имиџ, мода, за фраерлук - може. Лепотанот да е комплетен Мојов ги тегне, во уста ги става и гледам после јадење што побрзо да му го тргнам.
Љељее тек допрва доаѓа интересното ако ти е ќеиф да ги облекуваш складно Отсекогаш сум сакала сестрички исто облечени, или барем слично. Јас тешко наоѓам бројчиња за двете од исто парче, па гледам барем ускладени да се со боја и моделче