Јас ги користам бејбилав и хип, ама хип повеќе ми се сушат. Виолета сите што ги користат многу ми се парфимирани, така да бејбилав се најдобри за мое бејби. Од Памперс ми дадоа последен пат гратис марамици со пелените од тие обичните, ама не сум ги пробала, секогаш користам со 99% вода..
Еве го ова преголемо е, за следната година тамам ќе му е или за на есен. Скапо го имам земено, ама нема врска.
Јас со јорганче го покривам ама купено ми е големко и го пикам во страниците на душекот и нема шанси ни да се открие ни па може некако над глава да се пикне Сигурно во вреќичка е подобро ама кај нене е 25 степени константно и гледам да е што потенко башка некогаш по пелена го соблакам и така спие горе по кратки Ако ти е мирна глава во тенка вреќичка ставај го ама првиот месец слободно покривај го не мрда и така
Не знам дали во аптеката во Ремедика си ги видела вреќичките од тетра што се и од фланел мислам дека имаа.
Мене не ми изгледа ова на тетра, но не можам да го видам убаво. Ова е за повивање со лепенки и рацете се внатре, а тие во Ремедика се вреќички со рамки и патент и рацете се надвор. Нема вакви во Ремедика.
Мене бебето ми спие со рачињата нагоре се тегне и протегнува Таму ви кажуваат вака да ги виткате? Сега касно ми е веќе за ова ама онака ме интересира Тука ни во болница не ги виткаа вака
Не верувам да е проблем било добро за бебињата ова повивање ама па мене дека топло дома и ми беше страв да не му е жешко и се ми е голо детево
Па за тоа и јас не знам ќе видам, тука во станот стварно е прежешко, надвор паѓа снег, а тука јас сум по маички и кога се движам значи претопло ми е. Ама сепак крпа е ова мислам дека не би му правела жешко, не можам без ич покриено да го оставам. Ќе пробам, ако е добра уште две ќе нарачам. Па и ајде и педијатарот ќе го прашам. Овај докторот што ми ја води бременосва е и педијатар исто.
Pucktuch е малку подебелко парче материјал и служи за класично повивање на бебето. Постојат и Antikolik вреќички кои се користат првите неколку недели, како вреќичка за спиење ама и рацете му се внатре (да се избегне Моро рефлекс и гребење) Јас добив ваква на подарок ама не ја искористив, бидејќи беше претопло летово па бебе не го ни покривав ноќе, а камоли вака да го замотам цело.
Не можеш да регулираш греење? И кај мене е исто а лошо е што некогаш е загадено не можан да ладам. Таму оред спиење можеш да отвараш да ладиш соба секако е чисто надвор. Учи си го бебе на ладно сепак сте во постудена земја. Ќе те упатат педијатрите сигурно
Нас во Америка вака ни рекоа дека треба да спие бебе првите 3 месеци, повиено или во таков вид на вреќичка за да се осеќа посигурно како кога сеуште било во стомак, никако употреба на ќебиња зарадиSIDS