Црвеното боди го барав сегде е потрошено, од каде го зема? @Vanj4e отидов денес правец рамстор ништо немаше дури и ги прашав тие вработените се праат на удрени ми викаат не сме имале такви фустанчиња.
Стоеа скроз ниско на рафтот каде што обично им стои гардероба за бебиња на попуст ама овие не беа на попуст,да ти ја сликнам шифрата па барај по неа,ќе ти кажат каде го има. Често сум правела така во Рамстор и баш ми бил љубезен персоналот.
Девојки јас сакам да прашам дали знаете каде би можела да нарачам плетено меченце за бејби како на сликите
@toys_for_all_kids Мислам дека на Инстаграм е профилот. На моево дете има правено неколку плетени мечиња. Супер изработка е плус се перат во перална.
Мајки можеби не ми е соодветна темава, ама ми треба помош. Дајте ми идеја за новогодишен подарок за 10 месечно бебенце. По можност некоја играчка, да не е облека. За внуче од золва ми е.