Одличен е. Него да се надоврзам да си прашам дали се вади кровот за перење? Сите делови ги имам перено но незнам да не го упропастам кровот а ми мириса некако сакам да го исперам
Вчера само што го зедов, уште не сум го разгледала детално да видам што се откачува и што може да се испере ќе видам деновиве и ќе јавам.
Мојата не знае од цуцла да пие. Намерно гледав нешто потврдо. Инаку првите неколку пати и таа си ги чешаше непцата ,сега шмука,ја и го поткревам шишето и пие.Уште не знае многу убаво. Ама попрактично ми е ова отколку чаша.
А зошто не им пишеш порака на ПиКи, можеби ќе знаат да ти објаснат..или на јутјуб да го пишеш моделот може има некое видео?
Исто е и со моиве деца, син ми се научи да пие само од едни ефтини пластични чашки со клунче на томи типи, друго се што купивме дававме пари за џабе. Сега со бебка уште покомплицирано ми е ептен ми е пребирливи ова бебе, абе женско душата да ти ја извади
Баш И давам од цуцла и не влече, си џвака. Со чаша секое пиење жива вода е. Па и уште ако не и се пие вода, пивнува и ја плука и цела лом се прави Ова најдобро е. Гледам и колку испила. Страв ми е да не не пие доволно вода.
@0ли јас го имам истото на Авент,Ема не пие,само си ги чеша непцата и рачките ги глода дека гумени.Во играчките ни стои Пие строго од стакло/керамика,сака да тропка со забите,дури и од силиконска чашка плука.
Леле,истово прееска на инста го видов на една страна,ми кажаа 1250ден! Е не се нормални. Од каде го зема ти? Вакво сакам исто и јас,бело.
Не бе мн е тоа , 650ден од Детска Игра тука , Баш и бело ми отвориа да видам , имат од 450ден па нагоре ќебенца ептен избор какво сакаш , и општо на др раб шо загледнав има да си најдиш се , и постелнини добри цени , само чаршави или со комплет оградици . Овие денови баш ќе одам пак за постелнина да земам од таму.
И мојава не знае да пие од шише со цуцла, пробав на Авент и на Чико, иста приказна со двете,само си ги чешка непцата, од каде ја зеде ти чашата? Појма немам дали е подобро со меко или тврдо клунче
Од аптека. Поим немам како се вика. Уз пат ни беше, влеговме прашавме,човекот рече била многу добра оваа 450 ден е . Инаку пие убаво од ова со клунче. Еден ден и требаше да научи. И кревам јас шишето и си голта без проблем. Да беше со меко клунче ко цуцла ќе му дојдеше и пак ќе се мачевме
Да приклучам во муабетов за ќебето. Ич не го бива! Тврдо, големо, гломазно и вештачко. На прв поглед не делува така, ама искуството го вели спротивното. Ни можеш да покриеш бебе со него во креветче, ни ништо. Голема нула има од мене. И да, околу 600 ден на бит пазар е.
Стварно е така, никако да омекне, ко ќилимче е, бар да беше поголемо да го постелаш кога игра Тоа од Тач со Мики е подобро и помеко беше во старт и омекна по неколку перење. Ама за бебче не ми се вакви ќебиња, тоа кога ќе пркне