Ептенн ми се слатки хахаха пишува за 6м и 9м ама како мали ми изгледаат па си викам за 3 месеци некаде ќе и бидат точни
Многу слични имаш во зара барај ги како ribbed leggings, има еднобојни и со шари. Има попусти периодов јас изнарачував за мојата. Исто и во Бенетон сеа скоро ми излегоа.
И мојата ја сотре баш на средина, што од превиткување што од гризење. Се мислев дали да земам пак мала или сега од големата btw играчката од предпоследната слика од каде ти е купена?
Ја има и големата, таа уште е арна, само малку избледена. Ја сака и малата, па не можев да не му ја земам пак. Големата е супер, и' ги цица ушите, ги гризе нозете. Кога ќе ја фати за врат, ја млати од земја, а таа кутрата свири Заспива со неа, баш си ја сака. Пирамидата е од Бебе Хоум.
Види тука и за ќебе и постелнина. https://www.facebook.com/LaLidyaMacedonia/ За ќебето не сум репер, стварно малку го користи бебе, ама не мрднало до сега. Од постелнините сум задоволна, ама види во Ла лидиа поевтини се и стварно соледен квалитет.
Мајки идни и сегашни,дали имате користено или имате спремано т.н гнезда за бебиња што ги нарекуваат.Се искористува ли тоа,се исплаќа ли да се купува ,некоја да сподели искуство ако има?
Јас земав од Elo, и душата му ја извадив. Бебка си спие во него без проблем (зборам за дневни дремки) ја оставам без да му мислам дека ќе ми се преврти. За некој ден сме 4 месеци и сеуште го користиме.
Еј да Тие бодињата со долги ги имав претходно, бројче 6-9. Тенки и нежни, до скоро ги носеше И овие со куси се ист материјал. Тренерките дебели се или тенки? Ластикот дали е океј? Не сакам ластици што стегаат.
Па не се баш дебели, што знам како да ти ги опишам поопипливо... Можеби малку подебело делуваат на допир од други тренерки што ги имаме заради ситните риги, ама не се ватирани. А ластикот е прилично широк, посебно за синчето мое, од дете до дете има разлика, ама ми се чини две како моево може да ги собере, а се затегаат со врвчињата. Му ги немам се уште ставено дека зедов 9-12. За него се големи, сеуште немаме ни 8 месеци и прилично сме слабички, ама па во должина му чинат претежно поголеми. Бодињата ми се допаднаа дека се тенки, многу се поти посебно ноќе и кога пие млеко.
Јас бев против викав како не што ке ми е. Си дојдовме од болница со бебе дома и на гарнитура бебе лежеше,за малце свекрва ми ке ми седнеше над детето. Во тој момент се јавив на сестра ми кај и да најдеш гнездо да ми земиш. Душа му извадив. (Тогаш не беше ковидов актуелен) и сега си го искористив до два месеци за второво.
@DELFINA81 На гнездото и јас душа му извадив, дури жал ми беше кога требаше да го приберам, ептен ми се најде. Ако земаш, гледај да биде лежиштето потврдо бидејќи има некои со меко полнење, а бебе треба да лежи на потврдо. Го користев додека беше статичен и спиеше мирно.