@Fallen.Angel Како се скокотка? Никогаш не ме скокоткал јорган или што и да е со коешто се покривам, а боси спиеме сите. Босо стапалце, луфтирација
Хахах...знааеев ,не е до тренингот ,си велат и да речеме нема да не послуша не сме таму да гледаме дали ќе послуша или не.... А домааа...цел ден тоа ќе се збори. Облечиии ја ногите камен камен камен ....камеен ај да не речам . Инаку од тренингот уште стап што не сум зела џабе е
Е па тогаш проблемот е во почитта. Ако знам дека не почитува со моето дете да постапува како што сакам, нема да имам доверба и нема да и' го оставам за да не даде без да знам. Не си доволно лоша, јас преземам драстични мерки ако нешто не почитува некој. Со убаво прво, па со лошо, па не ме гледа веќе.
Е проблемот е што немам кај да отидам инаку ни мене нема да ме гледала оддамна. Ај да не го тупам веќе оффтопик...
Ги исправ, вака изгледаат исти, но не можам со сигурност да кажам дали се собрале или не. Поголем број се и нема да ги носи сега.
Незнаев кај да го поставам прашањево... Играчки, тропки плишани дали ги перете во машина и на која програма?
Уште не сум му ја дала Ја склопив завчера кога стигна, а вчера излеговме кога стана и се прибравме пред да си легне, немаше кога. Денес ќе ја добие Сигурно ќе ја мава и ќе ги дрпа работите на неа, но барем ќе се држи и ќе стои.
Што направи со кашичките Овошјето суво е? Само кајсијата успеав да ја преведам. И морам да ти кажам внимателно со наутот, си ме прочитала во Мајчински, се мислам да не е контаминиран со кикирики. Инаку, ми врати многу убави моменти со некои од бодињата, ги имам 50ки и 56ки
Ќе се најдат Сама бев кај рафтовите, па да искористам Кајсии и урми се, врска немам дали се урмите свежи или суви, само ги грабнав. Да, те читав за наутот, помислив дека некако рано си дала, ама знам дека порано даваш работи. Можеби му е од топло, можеби му се испотел грбот, но сепак паузирај го наутот за понатаму. Не ми е во план уште, си реков ќе се најде кога ќе ми затреба, а и ти ме подисплаши да не е реакција, па ќе почекам. Јас од овие бодиња сум немала (освен од белите), па тамам го искористив попустот, супер попуст има
Не знаев дека има попуст, ќе одам после таман му фалат боди на кратки. Инаку, за наутот на форумов прочитав дека е 6+ и многу мајки го давале. Баш @Annath ја прочитав околу советите за железо и наут, а нејзе и верувам, доста корисни совети дава. А може и да се испотил, ќе видиме до после може и на лекар да го носам. Кај нас мора да се случуваат вакви работи за викенд или празник.
Од која продавница на тритекс ги зема? Јас бев во Рамстор и само мали бројчиња имаше, тоа што најдов 80ка го земав.