Ептен да ти кажам супер е пишува дека е водоотпорна за шишињата има да го држи ладно или топло многу прегради има внатрешно ОДЛИЧНА Е нема да згрешиш миличка
https://www.facebook.com/1342807995842300/posts/3420343878088691/ Дали некоја ги нарачала бодињава? Имате ли искуство со он лине продавницава?
Хаха мене на слики одма ми коментираат Лелел босооо Ќе се настинело ама нас ни е топло чорапи за спиење на прсти бројам кога му имам ставено сега веќе склет му е дури и шпикозни оние што се доле затворени не сака немирно спие во нив
Такви шпикозни или пантолончиња со ногавици не сум купила од новороденче, а и тогаш најчесто завршуваше со откопчани ногавици и стапала надвор Купувам исклучиво без ногавици, а со чорапи никогаш не спиел. Кај Антоније кога бевме, надвор свежо, 7 саат, малиот со чорапчиња. Му ги соблече и рече аман соблекувај чорапи, ќе му облечеш кога ќе му ставиш и ракавици. Ако е свежо како сега, ќе го покриеш, но те молам без чорапи
Чудно мене ништо не ми искоментира дури и цел преглед по пелени и чорапи беше ама мојот октомври е роден Мислам на прегледот и доста поладно беше а ракавички му носев пошто ни беше страв нокти да му кратиме
Се што имаше 80ка јас го земав Не остана ништо. Можеби ќе донесат нови, ако најдеш бројче да се јавиш да прашаш.
Не на првиот преглед, на првиот беше облечен со боди и шпикозни со ногавици (без чорапи), имаше еден месец. Ова го кажа кога бев на втор преглед, таму ноември од прилика. Ракавици носеше околу една недела откако си дојдовме од болница. Едит. Тој мислеше на зимски ракавици, не на тие памучните.
Од каде се материјалите и како се движат со цена? Да не е ова муслин? Сакам да земам за повивање Преубави се сите и капчињата предлатки
Материјалите се Ренфорс памук,многу се убави и не се проѕирни. Цена 160-200денари,1м×2.40м Муслин имаше да баш видов, ама не прашав за цена да ти кажам. Од дуќанџик се Euro Home - Dooel се пишани на фб.
@0ли ја проба ли мали масичката? Не знам дали да нарачувам. Куп играчки низ дневнава,а она оди по саксии,комоди,кабли и се што не треба.
Му ја дадов вчера на кратко пред бањање. Не проба да се држи на неа за да се исправи, со седење штракаше и ги фаќаше работите, како да ја истражуваше и беше збунет Сега планирам пак да го ставам на земја со неа. Си замислував дека ќе и' се затрча и ќе се исправи до неа
И јас го носам кај него па да те прашам, за во ноември да не облекуваме чорапи ти рекол? За 2 недели сум на контрола баш да видам што ќе ми каже јас чорапчиња обавезно му облакам преку ден што знам јас носам чорапи и папучи оно босо во сред зима не ми иде,зависи и од температура во соба ама да го соблечам бос сега маж ми прв ќе се онесвести