Во ноември не беше ладно, јас дури и изгорев од шетање секој ден на сонце, со куси ракави шетав. Сакаше да каже, кога ќе биде надвор времето за зимски ракавици, тогаш треба и стапала да се облечат. Што знам, јас со мм одам кај Антоније и не се пропотресува кога е малиот бос Нека дојде со тебе кај него и нека го праша за чорапи. Кај нас е 22-23 преку ден, толку одржуваме. Постојано мрдаат, рачунај дека имаат физичка активност, мрдаат со нозе-раце и топло им е.
Ти па не го слушај се до толку Анотние Се шалам ама секако за надвор никогаш не би го извадила без чорапи освен нели во лето нека не претерува и он па така босо да го рашетавам ми е безвезе Секако кој како мисли не треба превише но ни премалце бар јас баланс барам во се
Го слушам тоа што ми е логично и тоа што се покажува дека е така како што кажува. Не рече бос да го возам во количка без ништо, рече секако ќе го покриеш и нема да му студи. И не зборувам за 10 степени, туку над 15.
Тоа си е до бебето и до мајката. Ние само што се вративме од шетање. Холохопчиња,панталончиња и патики (надолу),боди,блузичка и палтенце во тон со плетена капичка. Дотеран дечко си беше. Не носам ќебеца со мене. Ама кога ни е време за спиење без пеленка врз очи нема спиење,детето од кога е родено си го покрива лицето и сака да му е темничко. Додека беше мн мало постојано му го проверував носето а сега веќе не,знае како да си ја намести.
Ај и јас за масичката да прашам @Jana06 и @0ли, синко не се исправа сеуште. Пробува на масичката да се исправи ама му се лизга, преска како ќе треснеше на фаца ако не го фатев леле леле. Кај ви стои нас вас? Пробав врз тие коцките и врз паркетот ама се лизга. Е сеа дома немаме теписи може на тепих нема да се лизга
И јас така го облекувам, само деновиве беше потопло па не му ставив плетена капа туку тенка памучна. Инаку и кај нас дома е околу 23 степени, но јас се водам според мене. Мене ми студи без чорапи на под, па затоа и нему му ставам. Боси ноџињата му се ладни, со термо му се потат и пак ладни, а со тенки нормални чорапчиња му е таман.
На подлогата му ја ставам, но не е дека не му мрда и јас му ја придржувам и ја потпирам на тросед. Предмалку проба да се исправи на неа, му се расклати и се откажа, отиде до креветот за да се исправи. Онлајн ја има тука и тука.
Од кај да знам, топло ќе му е ваљда ако е и покриено Со ќебе не го покривам ни јас прво бидејќи не сакам ќебиња (освен тенки памучни кога ќе заспие во кола), а второ бидејќи ни трага нема да остане од ќебето и секако нема да е покриен. Прета и го трга. Во зима спас е зимска вреќа за количка.
И мене ми е некогаш контрадикторен ми вика облекувај го како е облечен татко му е сега татко му облечен во чорапи и патики он боси нозе, нема врска кој како си сака може медицински е така правилно сепак тој е доктор не јас ама јас зимно време сум за чорапчиња
Маживе ни се позимурливи и мене така ми рече ама ја по мене го облакам бебево и за шетање и за спиење. Мм е наоблечен ја по кратки
И мене истото ми го рече за таткото. А таткото дома на 26 степени носи долна маица, дуксер, тренерки, чорапи и папучи, а јас и бебе на кратки и боси За надвор обавезно е со чорапи, вчера и чизмички му ставив за шетање, беше дотеран ептен и не ми идеше доле по чорапи само На минус му ставив и хулахопки зашто јас смрзнав што се движам, а не тој во количка. Педијатарот на пример ми рече колку и да е ладно, не ставај хулахопки.
Хахаха и јас така, навечер а ми застуди го покривам и него мене топло мислам и него одма му е, по маж ми ќе треба да го наоблечам ко еским