Материјалот на тоа со лубеничките е чуден материјал, нешто слично како на чадорите што е... не знам како поинаку да го опишам и е единственото парче што до сега не ми се допаднало. За величините и тоа не би знаела да ти кажам, ќерка ми е 2ипол месеци а облекава е за 6-9месеци.
Не знаев каде да го поставам прашањево, ќе пробам тука Дали поседувате ваква подлога за пресоблекување да ми кажете дали сте задоволни од квалитетот? Не можам на страната да најдам спецификација, состав, а сеуште не ми одговориле од Тополино. Може и да ми предложите други видови според ваше искуство
Овие сите се ист материјал, одоздола е тврдо,па сунѓер, а тоа најгоре е материјал што не прима течност само се пребришува,како пластифицирано. Овие можат да се стават над креветче, комода...цврсти се,а повеќето се и со штрафчиња ако сакаш да ти биде фиксно,ако не само така
Јас земав од андреј компани после 5 медеци ми се распадна да не речам се одлепија двете страни и сега ако се измочка би влегло во сунгерот иначе е многу добра работа
Оваа ја имам. Маста и ја извадивме, како нова е. Ке биде и за второ Од бебе супермаркет https://www.bebesupermarket.mk/product/Changing-mat-PRIMI-SOGNI-Bebuno-elephants-f2qRb
@Snowflake92 @srekice благодарам за споделените искуства. Ја нарачав па ќе видиме кога ќе стигне Рано е за да влезе во употреба, има уште време додека да се породам ама ми беше мерак за дезенов, морав да ја нарачам
Скроз истата ја купив 990 ден од овде https://www.facebook.com/babyblumacedonia/ гледам и во Ск имаат продавница,јас уште не сум ја пробала ама вака е супер,квалитетна,иста како сите други што ги гледав а се по 1300,1500 денари.
За ова малечкото зинува после јадење додека е во хранилка, користам додека е оптегнат изморен од јадење и не се буни. Иако најчесто дува во тоа, прави балончиња и жива вода се прави, сепак успевам да испие. Ова поголемото не сум го пробала, а ќе го барам и тоа твоето.