Ај и тука да си прашам. Има некоја мајка што нарачувала бодиња од фб страната Облека за возрасни и деца? Дали имаат убав квалитет? Дали отворот кај главчето му е доволно широк со оглед на тоа што немаат горе копчиња?
@jarec6 од која стружанка го зема ќебенцето мила? Бев во Кисела вода, само вакви прекривки и дебели плишни ќебенца имаа.
Памучна прекривка е, прилично тенка, како за во лето за навечер за покривање. 100х80 е и одеа по две спакувани заедно, затоа сум сигурна дека не е истото.
Многу слатки дезени има, а и цената му е океј, во мисла ми беше само ради отворот кај главчето. Но, штом имате искуство ќе си ги порачам. Коректни се со испорака, бројки..?
Да ептен е коректна жената, бројчињата се малце поголеми мислам пошто ќерка ми ги носеше јули, август и септември ( од 0 до 3 месеци беа моите).
Мислам дека на таа страна им се од Џорџ,ако се тие земај не се мисли бев јас прееска зедов од мерак а уште пол незнам.Еве ти слики да видиш и отворот а за големини има за прематурчиња,па фрст сизе,0-3,3-6,6-9 и така натаму. А за квалитет се што имам за синко презадоволна сум. Првите беа до 4 кг,вторите до 6,третите до 8. Си пишува до колку килажа.
@IRBBB ако не е тајна колку пари ги продава жената? Чисто за спредба. Јас ги зедов 7 бодиња за 8£. Му иде милам околу 600 ден.
Овие за летоска се супер, тенкички, можеш и за одоздола за да го легнеш. Истите ги имаме. Бидејки кажа дека во Кисела вода си ги зела, јас вакви работи зимав од Кисела вода кај што е стариот тинекс одма со Еурофарм аптеката има продавничка за вакви работи. Има многу убави работи и вакви прекривки само подебелки има.
Бутик Сте Лео, има и на фб. Би ти препорачала и вакви шпихозни да си земеш, многу убав памук, не се собираат а цената им е џабе. Ј Додека сум тука да кажам,ако некоја мајка користи влажни марамици наПамперс во Дил маркет во Кисела вода се на акција 55 ден, исто и таму течниот на Персил е 249 ден.