Од стружанка се мами, по 65 ден една. Памучни се, ама прилично тенки, за парите топ. Тоа до нив е замена за шведска пелена (осмица), наместо со врвки, со лепенки е. Не знам дали ќе ставам широк повој, затоа зедов само две, ако ми требаат, ќе си прикупам.
Е баш убави си одбрала ти. Јас и нарачав на сестра ми да ми земе, пошто немаме тука Стружанка, малце се занигде тие што ги одбрала, наводно немало ич избор. Ама ај си викам секако ќе се искористат за нешто и онака се преефтини. Инаку си најдов во Ваикики многу убави, намалени беа по 150/200 една. Третата слика е од нив. Сега сакам и бели да докупам, ама не знам каде има.
Убави се и од ваикики и од стружанка само во ваикики се поскапи, истите ги имаш во памук пале или ники текс на инстаграм, можеш онлајн да си порачаш. За летно бебе не ти ни требаат подебели тетра пелени.
Епа супер, ќе проверам и таму. Овие од Стружанка ми се свиѓа што се тенкички, ама не ми се свиѓа дезенот, а и доста помали се од тие од Ваикики или така ми се чини, ги немам уште видено во живо.
Што знам моите две од ваикики што ги имам се помали од другите баш ќе ти ги сликнам покасно и ќе ти направам споредба, ќе ти пуштам порака со сликите.
За широк повој има едни како гаќички со сунѓер,да не се замараш вака да повиваш. Ги видов и онлајн на една Bubamara некако се викаше продавницата. Едит,еве ги.
има и помали и поголеми. јас имам мали, поголеми од овие на алкалоид и ептен големи, ко чаршавче. Најдобри ми се на Ваикики.
Јас купив вакви од Бебе хоме, жива глупост испаднаа. Памучни се и стандардна големина, а мали и беа уште како новороденче. Не можат ни да се споредат со стандарден повој од 2 тетри и шведска пелена. Ми останаа неискористени. По околу 250 денари беа.
Јас пробав едни памучни од аптека и топ се. Сега уште да најдам да ги купам.. Ни беше кажано дека ги има во Еурофарм, маж вчера беше, испадна ги имале само во аптеката во Буњаковец. Штом (ако) ги купи маж ќе ги сликнам.
Памучни се, се перат, практични се, над облека се носат. Раширени му ги држеше нозете на малиов, но и самите бебињата така си ги држат. Само топло им е и ако навистина не се колковите како што треба, по препорака на ортопед се става широк повој. Двапати му ги ставив пред да го носам на преглед и толку. @Bicka77 Ортопед ти рече да ставаш?
Да, да, ортопед. Претходно ми кажаа и во болница кога се спремавме за дома, ама им кажуваат на сите па решив да не ги послушам и да чекам што ќе каже ортопед.