Кој е условот за е нарачка од зара. Колку минимум треба да ми е нарачката, начин на плаќање и доставата како е?
Треба да ја имаш апликацијата, да подесиш за Македонија, да се регистрираш. Колку сакаш може да е сумата, само над 2600 е бесплатна доставата, инаку е мислам 250 ден. Плаќаш на курирот кога ќе ти ја даде пратката и има фискална сметка на кутијата залепена во мало ковертче. На мејл ќе добиеш известување кога ќе нарачаш, кога ќе биде испратена пратката, кога ќе ја земе курир и кога ќе ти стигне. Минатиот пат доставија за 10 дена откако направив нарачка, најверојатно и сега ќе е така. На 14.2. нарачав, на 15.2. ми стигна мејл дека е испратено. Уште не сум го добила пакетот.
Не знам за мини делот, ама кај момчиња за 3 м до 5 години секогаш има мали бројчиња, а големите се продаваат брзо.
Какви зеде? Како тие горе или како овие Велат дека тие како на сликата од Јарец се подебели. Јас двојка користев, малиот имаше 3 кг дома кога дојдовме и убави му беа. Ќе ги искористиш прво кецот, не трупај таа величина, малечки се.
Ај ќе ги потрошиш. Земај си од овие што ги ставив, пишуваа дека се потенки и поубави. Не сум користела од тие твоите за да споредам, но од овие моите презадоволна бев.
@0ли @jarec6 ќе морам барем неколку залиха да направам,значи да одам со 2ка премиум? Не видов ни дали имаше во ДМ во сити мол такви,таму бев. Овие ги има само во ДМ така? Ќе морам да одам до Бт да набавам залиха затоа сакам да знам точно какви,сега отидов недоволно информирана и се џаревме таму во пелените
Двојките ги користев до 4 кг, после кај бутките го стегаа и црвена линија му се правеше. Досега долната граница ми се покажала точна, поголем број почнувам кога ќе дојде до таа бројка. Не трупај ни двојки премногу Ако ти снема, ќе ти носам од Битола ако треба
Буквално се ќе искористам во сетот, и не беше прескап, премек памук и омилената боја, морав да го земам.
Леле бе ко квасец ќе раснат ,мн ми е страв ептен неподготвена и неедуцирана се осеќам,ама валда времето си носит се... Фала ти за понудата за достава ,маж планирам лепаец да е во почеток