https://www.facebook.com/caramellkids.ks/ Јас досадна сум со Карамел, ама разгледајте. Преубави им се сетовите и за момчиња и за девојки. И функционални. Топ квалитет. Ваљда испорачуваат и кај нас, оти јас тогаш нарачував.
И јас истото го прашав вчера во бутикот, исто има и во мојот сет, тоа било оригинал бенка, или јас како што викам од пред многу години нас кога не облекувале кога не постоеле бодињата. Иста функција како боди има, само застарен модел. Подкошулка фактички. Ќути, мене мама па и со врзалки ми купила 3, и реков за бодиња да ми ги замене дека вакво чудо не ми е многу функционално. Немало да ги смене, ќе ми се најделе ако ништо друго за спиење додека папочето да и паднело, и ене ги си стојат ама последен ред ќе фаќат секако во плакарот.
Незнам, ваљда некоја поткошулка Ако е ладно јас вака би го облекла, или за преку лето ако е свежичко, пошто ми делува на тенко. Може да се искористи во секој случај. А за бодијата, неможеш никогаш да знаеш додека не решиш да го облечеш на бебе Најчесто од овие по прерамки нема да најдеш со копчиња на рамо.
Туу да знаев порано, некни бевме во Либерта во Неготино. Можеш да ми сликнеш следен пат ако имаш шанса мама. Ги гледав овие слатки се, ама сакам комплет за излегување од болница, а ризик ми е онлине да нарачам, не знам колку ќе биде точна величината. Си викам тој комплет да го купам од некоја продавница за да си го видам поубаво.
Даа ги гледав и овие, преслатки се. Само не знам колкави се, ќе може ли одма кога ќе се роди да ги носи. Нарачувала ли некоја вакви сетови од Мапед?
Од страната што гледа накај катната гаража. Тука има Винка виница исто за текстил и одма до него во тој ред е. Трет или четврти бутик во редот. Ќе видиш имаат многу убави пижами на кукла во излог
Мене во Венис ми ги понудија, во комплетот имаше такво на преклоп тенка бенкица и марамче. Бенкицата била за излегување од болница, за под облека како поткошулче. И јас па зедов две Ниту еднаш не ги искористив.
Ви велам јас сетовите се утка, вие не ми верувате. Ракавички не ви требаат. Тоа бело на преклоп не. И таа крпичка не ви е потреба. Боди со кимони ракави не облеков воопшто. Купив сет со 1 до 12 месеци, ама тек 3ката му беше добра на 2 недели. Џабе фрлени пари.
Јас имав 2 сетчиња од карамел. Двете беа преубави. Двете дечиња ги искористија. Едино овие Бенкиците што не знаев за што се. Битно ги перев и пеглав