Претежно се подароци. Не стигаме да купиме скоро ништо. Уште мајка ми денес ми вика, кажувај кога ќе и омалецнат тие што се за до 3 месеци
Не можев да одолеам на светов. Од Канеј од Бисер го земав а и плус беше на попуст од 1600 на 1090 денари. Епа како да не го купам
Убавини! Може да ми кажете од која app на Play Store порачувате од Zara? Некако не можам да се снајдам, не ја дава Македонија во таа што ја симнав.
Благодарам,поубави да си купите Не живеам во Мк јас,во Швајцарија сум,а нарачувам директно од сајтот,не ми бара апп. Наназад некоја мама ме праша за подлогата за пресоблекување,заборавив да ѝ одговорам,исто од овде е.
Внесов само Зара мк и првата која ми излезе таа ја симнав .. Нарачав и јас некои стварчици, период на пристигнување пишуваше до 5ти март, па ќе видиме
@marta993 @Poppins фала ви девојчиња се снајдов во меѓувреме. Некако ептен слабо има за новороденчиња, очекував поголем избор.
Да, послаб избор имаат за новороденчиња (newborn) ама се наоѓаат слатки парчиња за бебуши од 0-3 месеци