Се сторив китти прекрасни се алиштава Ти баре си зела летни јас се уште ништо рано ми се гледа де викам и од кога ке се роди ке купуваме
Да ти кажам и морам да земам летни тука 17 степени е преку ден сега а од март-април почнува топлото така да... А и има време ќе купуваме секако и тогаш
Ова е што успеав да купам, многу работи ми испарија од кошничката , мака ми е за неколку работи, но едно ќе има друго ќе снема и ајде реков барем нешто.
Sorry 80 и 86, нешто за пролетва, нешто за есен/почеток зима, доколку ни чинат 86ките тогаш... ако не ќе ги подариме на блиски. Инаку и јас чизмички, фармерки, кошулче какви пропуштив , испарија од кошничката, па се изнервирав се откажав и по некој ден ајде реков пак да видам што има.
Од кај се шпихозните од првата слика, имам вакви неколку што ми дадоа од друго дете, ептен ми се погодени, ама ми требаат уште. Инаку, прекрасни бои на се што е купено, се нервирам кога е само розово и сино
Поклон ми се тие, не знам од каде ги земале, а не пишуваше ништо на етикетичката. Иначе фала ти, и јас сакам различни бои, не само една ако е машко плава, или девојче розева, ми се смачи од исти бои.
Сакав да прашам за боденцава. За бебе што ќе се роди во Јуни, таман ли ќе биде да му земам од 0 до 3 месеци по кратки, на кој број одговара тоа? Исто колку да земам количински, колку ќе ми завршат работа? Имам веќе 3-4 боденца по кратки од други фирми.