Офф... Ајде ќе се искористи, во сетов па го нема лосионот. Јас освен овие три работи друго немам купено од козметика, се надевам доволни се за почеток...
Од Зегин во ГТЦ што е тој, 1050 ден. Скапи се едно по едно да се земаат, дури и девојчето таму ми рачунаше колку ќе ме фати посебно да ги земам, а и куферчево е преубаво, многу е штосно.
@PurpleMind и како спие во неа? Јас имам ама сеуште не му ја имам пробано страв ми е да не влезе со главата внатре...
Ги имаме вториве шпикозни и уште 2 пара и се топ! Тенки, меки, за спиење нема подобри. Сме купиле други поскапи, немаат врска, овие се незаменливи. Ќе ги износите максимално
Супер, веќе два дена, а бев скептична оти с'клетчија е. Вчера отидов и купив уште една без ракави. Ми е страв да не му е жешко, па нон стоп отворам и му ги проверувам ножињата, дури и прозор подотворив. Не ми делува како да можат да се пикнат во неа, ама па моево спие мирно. Можеби би требало да пробаш за време на дневните дремки кога си присутна и неуморна во случај на феил.
Иста јакничка имаме. Едвај чекам да и ја облечам ама за сега и е голема. Ајде, кај и да е за некој месец.