Истиве ги имав, ептен ги искористив, најзгодни ми беа за првите денови/недели, сега веќе за на тета бебето ги тргнав. Моите беа од Атлантик ама не сум сигурна за цена, мислам ти поефтино ги имаш начекано. Имаше ли поголеми броеви во Зур?
Имаше бодиња до 24 месеци..само тука јас кај што ги земав немаше од 3 и 6 месеци,а поголемки имаше,не знам во други може ги има сите од 0-24месеци...
Прашањето не е за овде, но мислам дека тука ќе добијам најсоодветен одговор Каде во моментов има попусти/поевтини алишта за бебиња? Конкрено ми треба за машко и женско 5-6 месеци, но повеќе работи, пижами, бодиња, тренерки, јакнички, кондурки, фустанче, пантолони...значи се Попустите во котон/вајкики/зара дали траат уште, таму има избор мислам Ви благодарам