И сега кога видов Cozy дека имаат нова со внатрешен механизам, криво ми падна. Ми иде да си купам таква зошто мислам дека подолготрајна може ќе биде од оваа со спиралите
950 ден беше поефтината варијанта. Разликата е што во таа дел од страните се во боја а дел се црно бели, а во оваа 1.200 сите страни се во боја
само да додадам дека содржински се скроз исти. на другарка и дадоа попуст со плус нарачан рол за висина, се ја фати 2000 ден и бесплатна достава
Имам и тефтерче од Коузи, мини радосница, слатко е и тоа. @jarec6 И мене ме нервира кога не пишуваат цена, па морам на секое да прашувам по приватни пораки А па најмногу ме нервираат оние што не пишуваат ни величини за облека и по стопати треба да препрашувам на пример ако отпосле ми се допадне уште нешто.
Па стварно, отвараш страна за да продаваш, на секого ли ќе враќам за цени и величини? Тоа замарање е. Вака пиши, цена, величина,боја и тоа е тоа.
Се сторивме и ние со количка! Chipolino Malta 3 in 1. Ја начекавме на попуст, тамански. До последно се мислев меѓу оваа и на Chico Best Friend ама многу муабети слушнав за чикото дека ако е поголемко бебе ќе му биде мала пред годинка. А оваа е и поширока и поефтина и плус е до 22 кила. Се надевам само дека ќе сака принцезата да седи во неа и дека ќе се изнавозиме, јас одвај чекам
Со здравје да си ја користите И ние се мислиме за количкава. Ме интересира дали ви дадоа гаранција и колку и дали тркалата се гумени, тоа заборавив да прашам кога ја гледавме
@kostovaivana со здравје да си ја користите. памтам јас колку бев возбудена кога купивме количка, прва работа беше што ја зедовме за бебето.
Не се гумени тркалата, пластични се. Како што гледам сите колички на Чиполино ги имаат истите тркала, нашата беше модел 2013та год. а исти тркала. Некој тип на пластика е, но без гајле не тропа, нас одлична ни се покажа, еве сега трето бебе ја користи. Туку сакав да прашам дали некоја купувала шпилхозни од Мапет кидс, дали бројче 0-3 е големо како за новороденче, или може да ги носи баш 3 месеци?
Фала мами! Мислам дека нема да згрешите. Лесна е, 7 кг тежи и практична е. Лесно се сллопува и многу е убава за возење, но сепак има во предвид дека ја немам пробано надвор и со бебе иначе тркалата се нешо како пластична гума и се вадат. А за гаранција искрено нити прашав нити забележав. Ќе ја прашам утре мајка ми, она плаќаше дур ја се топев од мераци и ќе ти кажам. Исто освен нешо ситно облека шо имаме земено ова е прва работа покрупна. Ја се топам. Уште поише одвај чекам да се роди да си ја возам Чиполино ги има во Андреј компани. Они се официјални застапници.
Поклон за едно сакано мало човече преубава е, дури ми е криво што немаше тогаш вакви сеуште да земев и за мене