За едно моме што треба да се роди во мај Кажете ми вие што сте потазе мами... Од Ваикики стварчињава 1-3 месеци, ги носевте бап 3 месеци, или...? Јас неможам да се сетам како беше кај нас
И мене така ме држи сеќавање, дека Ваикики имаа доста комотни алишта како за величината. Мислам и ние носевме 1-3 до крај на четвртиот месец, а мојава беше баш големко бебе. А некоја искуство со величините на шпилхозните на Hello baby?
Баш така, комотни, ќе си ги износи и секогаш до крај од бројката ги носеше. Хелоу бејби ако мислиш на работи од БиБејби, и јас мислам да земеш поголемо бројче. Особено тие со ногавици брзо ги надраснуваат и стануваат кнап.
Od waikiki city mall za maski bebjnja se razocarav preslabo roba. Ohrid dali bil nekoj skoro, dali se naogja nesto i konkretno dali ima kapcinja pamucni po 2 sto se?
Овие се извадени во аутлетот во Ритеил парк. Ромперите се со попуст, а хеланчињата се вееојатно нова колекција, редовна цена се. Во аутлетот имаат извадено доста пролетно-летни стварчиња за разлика од обичниот дуќан (баш бев пред 3 дена во тој во Капитол).
Ништо чудно. Знаеш ли што прават во аутлетот? Робата што веќе била со попуст, со црвените етикети, како што доаѓа нова сезона ги вадат црвените или преку нив лепат нова бела етикета со цена без попуст. Македонија вечна!
Синко беше крупно бебе и не ги носеше баш на 3. 1 до 3 ги носеше до 2 месеци и беа кнап. И друго крупно бебе за кое купував исто така. А дете кое е со просечна тежина би носело без проблем.
Сум го приметила и јас ова. А колку беше цената на ромперите? Инаку за големината, мојата е родена во мај 3600гр, нормално напредуваше и си ги носеше цело лето ваквите ромперчиња од 1 до 3 м од вајкики. Првиот месец носеше шпилхозни 0-1, значи таман си се величините дури и малку поголеми идат според мене.
@Kitten и ќерка ми од Ваикики ги носеше стварите 1-3 до 3 месеци (околу 5кг), а се роди точно 3 кг. Од Хелло Бејби се помали и плус што се стеснаа во сушара, оние што ги имав величина 3-6 месеци веќе во третиот месец се смалија. Ваикики ми е број 1 гардероба, и материјал, и величини ди одговараат, и цени приступачни, буквално се.