Сите за таа возраст ми се од вајкики, имав еден само турско производство што го добив на поклон, го облече еднаш малата, шарата му е убава ама многу кус а широк, чудно и стоеше. Вајкики имаат најдобар квалитет во сооднос со цена. А за поголемка имам и од х&м, примарк (од странство донесени) и тие се погодија.
На кое бројче одговараат George шпикозни 0-3? 56 или 62 од прилика? На моево 56 му се кнап, се мислам дали да нарачам 0-3 или 3-6. Нејќам ни да му висат
Мислам од 3-6 да си купиш...моево ги носеше од раѓање ама се роди 2850 и уште ги носи сега има четири кила ама не верувам дека уште долго ќе ги носи
@Broken♡ сѐ е преубаво! Пукната сум за производи на ПатПат. Од шо си гледам цело време, шо и да отворам реклама од ПатПат ми излегува. @LivingGlam на етикетата пишува дека 0-3 се 56-62 ама и јас мислам 3-6 да земиш, оти 50ките од џорџ се помали од другите 50ки шо ги имам земано (тритекс, ваикики). Едвај те чекам во породилни.
Тоа ќе видите на самиот производ кога ќе го најдете секогаш има табела со броевите и димензии, најчесто истото го има од повеќе продавачи/продавници, но ќе внимавате тоа што ќе го изберете да е од добра профавница, да има нарачки и коментари, во коментарите најчесто има слики и мислење и за броевите о за квалитетот за конкретниот производ. Како пример еве линк од патичиња со доста нарачки и коментари од тие што нарачувале. MKD 106.92 40%OFF | Newborn Boy Girl Shoes First Walkers Infant Baby Shoes White Soft Anti-Slip Sole Unisex Toddler Casual Canvas Crib Shoes https://a.aliexpress.com/_mrNmRKn
@MissWitch фала. Имам нарачувано од алиекспрес, но не детска гардероба, затоа мислев да споделиш за бројчињата, од искуство што имаш нарачано, дали одговараат.
Е тоа не можам да споредам затоа што бебешки сеуште не сум нарачала, а за мене тоа што имам нарачувано гардероба секогаш било различно во зависност од продавницата, ама точно по мерките кои ги имаат ставено.