Да ти кажем кое како може да ти стигне, некои поголеми некои да си одговараат не бројот. Јас би ги поклонила алиштата од Патпат, материјалот воопшто не ми се допаѓа само се убави на изглед. На некои може да се погоди фин материјал.
Не се секирај за Пат Пат имаат и мн работи со нетолку квалитетен материјал. Мене моите ми пратија нарачано од таму едни се со преубав материјал други се со катастрофа материјал Дали некој има нарачувано од Baby Shopp гледам имаат цели комплети за новороденчиња и јаки интересни работи имаат. Можеби сто пати сте го пишале ова ама ако не е за тука слободно кажете ми у која тема е пишано колку алишта ми требаат на почеток. Гледав на пинтерест тоа таму мн ми се виде за секоја бројка по 7-8 парчиња од се, а ја не знам колкаво ќе се роди па за почеток колку ми требааат?
Не знам за квалитет, ама избор за машки на претек, зајдов. Кај нас се само сино, 90%. Од baby shopp јас нарачав едно комплетче, поназад го имам постирано, за парите (350 ден) топ, повеќе од очекуваното. Убаво, памучно, мекано. За комплетите со повеќе парчиња јас мислам да си земиш од продавница, не онлајн (ако си во можност) оти друго е кога ќе ги видиш и ќе го осетиш материјалот, друго е од слика. Плус во некои од нив има работи што реално мислам дека никогаш не би се искористиле, а не се малку пари. Јас досега боденца имам купено, 10 50ки (претерав, мислам дека 5 се доволни) и уште толку 56ки. Комплетчиња имам купено само 2, од 0-3 месеци ама се големи за почеток. Планирам да земам 50ки или 0-1 шпилхозни 3-4 пара и уште толку комплетчиња. Нема да трупам многу, оти не знам дали ќе погодам големина, а полесно ми е откако ќе се роди да прикупам.
Облека за деца и возрасни на фб, од џорџ порачав комплет од 7 бодиња (поевтини се преку tiny baby, ама веќе ми беа порачани), тритекс и ваикики.
И јас од таму нарачав бодиња ама со долги ракави и шпикозни 0-3. Моите ми имат пратено се различни бројки и зашто сум дома ме фати паника сите само тоа мислам ми зборат леле 36-та влегуваш можеш секој ден да се породиш и ја почнав да вртам по нет. И овие онлајн продавниците што ми ги испофалија од таму нарачав. Ама излегувам за два дена ќе докупам само меко тенко ќебенце или вреќа за спиење, тоа пешкирчиња и толку друго ќе видам колкаво ќе биде бебето. Инаку и ја не сакам светло плава боја мн ми е тупо тоа и моето е машко и сакав да биде нешто штосно а не се се светло плави и со мечиња за машко. Јас на моето му правев кревет и сакав да биде темно сив или црн мајка ми кога викна и ајде дојдовме до ментол боја ама пак не сакам baby blue
@Ula се разбираме скрос. Светло сино со мече или жолто со слонче. Евентуално сиво/крем нешто и толку. Бои сакам, шаренила, апликации... Ќе си пукнам за девојче.
Да гледаше за девојче пак ќе најдеше маани,trust me,се е розево,па еднорози,па шлокици,па панделки...
Е, ваква останав Малку too much pink, ама кое од кое поубаво. Си ја лајкнав страната за кога ќе бидам бремена со женско да си порачувам.
Ама убаво pink е,не може да се нарачува мислам,од се што сум превртела на инста полјаците ми се бр.1 https://instagram.com/napiki.pl?igshid=187sxhd2jnmrf
Омг! И после ова одам во продавница за бебиња и ми вадат 20 пара комплети, сите исти, на едното мечето седи, на другото лежи, на третото две мечиња се...