Многу беше топло, јас во фустан искочив и едвај отворив очи од сонце за да се сликам. Му кажав на мм да донесе боди и на кратки и долги за таму да ми кажат како да го облечам, уште не знаев. Клима не пуштивме во кола од страв да не настине, па изгледа се претопли и дома едвај го смирив од плачки. Леле кога ќе ми текне Двајца новопечени родители, сами, дете рика, јас рикам. Многу бев исплашена како ќе се снајдеме ама бебка дремна, јас се избањав и како нови бевме за 2 саати Многу убав период ми беа првите денови од болница
Ќерка да родев може и како принцеза ќе излезеше Се шалам, за машко нема некој избор тоа е тоа. За девојче да не знаеш што попрво да избереш. Еве сега за роденденот се мислам што да му облечам, имам едно комплетче од Америка ми го пратија, преубаво е ама пак панталони и кошулче Ќе му земам едни трегери да разбие малку, има старки и може малку ќе смени. А за девојче, фустани милион модели, бои, аксесоари. Ајде стискајте палци за второ женско
Лелееее хахахахахах Муабетов го покренав пред да се породам. Леле леле кога ме нападнаа, не сум знаела што е мерак. Јас си ја извадив во памучен цветен ромпер од болница и воопшто не ми е криво ради тоа, ниеднаш не помислив да ја дотерувам ко енглеска кралица на 2 ден од нејзиниот жквот. И со второ пак исто би. Сеуште сум на став дека штотуку родено бебе не е за тулови, и разно разни неудобни и неподобни материјали сем памук, за родителите да си исполнуваат мераци, што знам. До сега додуша нит машна поголема од главата и немам ставено оти не гледам поента во тоа, ниту ми се свиѓа како изгледа, ама тоа е веќе до вкус.
Стаса и оваа порачка Розевата постелнина е толкууу мека немам зборови се изненадив... А другата постелнина со сино мече и таа е ептен убава само што немаше достапно на розево па мораше сино ама сината е ептен нежна бебешка боја
И за есен нешто купивме денес стигнаа. Очилата за сонце најјак е со нив и сега малку пауза со шопин оти мм ќе ме врати кај мама
Одбегни 1го бекутанот, незнам што се излажав земав за синче пред некој ден се откорна од плачење што пече на очи.
Исто и јас би ти препорачала да одбегнеш бекутан, имав неколку колекции кои ги добив на подарок, ќерками на 18 месеци се нафрли цела од нив, несакам да замислам на новороденче што може да му се случи..
@monik55 @mamaJana И на двете им користев бекутан и немавме некој несакани ефекти , ке земам некоја друга фирма за секој случај
Па дека уште мало,не сакам да менувам многу, 2месеца ќе прави.уште малку,а планирам и друго да пробам. Сега сакам некоја крема на лице да земам,тоа немам...читам од веледа има задоволни..предлог некој?