Фала мами, да си купите поубаво. Акцијата им е моментално за ова креветче 12 590 денари со душек и постелнина. Можеш да доплатиш 450 и 1600 за подобар душек. Ние земавме од тој надобриот, премиум што е 15cm. Се на се не фати 14 190 денари. Душекот се мести на две нивоа, доле на креветот има мала плитка фиока за нешто да си ставиш. Има опција двете страници да се спуштаат и шината е многу убава и стабилна, нема шанси дете да ја спушти оградата, механизмот е таков што мора да ја поткренеш оградата и да бутнеш па да се спушти. Едноставно а многу убаво креветче за одлична цена
Со здравје да се користи мила, најубаво да нанка во него куклата. И ние за баткото земавме исто креветче, со премиум душече. Најубави и најстабилни ми беа од сите креветчиња што ги гледавме.
Дали е точно за големо главци. Не можам капа да најдам за бебе бебешки и се мали тодлерски и се големи...
Потврдувам, и ние го имаме истото и истиот душек. Супер е! Е сеа мали повеќе кај нас на спална спие него ли во креветче ама ај кога ќе потпорасне ваљда ќе си поспие таму
Ќути неофицијалниот вујне знае да одбере. Ама па баш кнап и е ,а нигде не одиме ... За дома ќе ја облекувам