Многу убаво, со здравје да си нанкате. Може ли да споделиш што има во комлетот и која е цената? Јас не знам како би избрала дезен..
За трифантино, потврдувам и јас за квалитето. Имам гнездо од малиот од таму е. Ама дезенот некако мие многу без врска, тогаш ми беше шубе сега па уште повеќе. Има една бела како чипка везено од страните што ми дава некој немир ама јас сум си фрик си такви размислувања. Сега ќе видам дали ќе можам да ја исечам за да го ставам и бебето во него иначе нема шанси Не го купив јас иначе немаше шанска со таква чипка да земам.
Ич не сакам чипки, за мој вкус е кич и ни за девојче не би зела. Не може да се отпара, а да не се распадне цело гнездо?
Ако пажливо се исече со ножици мислам дека нема да се отпара цело гнездо и познава исеченото. Да купам од поубавите ножици и ќе пробам.
Мила јас пред неколку месеци порачав цел сет постелнина за внука ми кога се роди ама од машнички за деца,ги има и на фб и на инста.Презадоволна од изработка,од односот,ми помогнаа со дезенот и плус можеш ти сама по твоја желба да одбереш дезен,ѕирни на пинтерест или ти праќаат дезени и можеш да си одбереш.Јас за внука ми порачав булвално цел сет, оградица со 6 перници во форма на животни, една плетенка 120 цм, постелнина во која имаше чаршав,навлака за перница,навлака за јорган,бебешко перниче,јорганче, гнездо плус уште две перничиња со дизајн и на едното имаше печатено име и се тоа беше 6400 денари комплет.Ова беше за големо мислам стандард креветче.Можеш се оделно да си порачаш што сакаш, не мораш се пд сетот да порачаш и се зависи од димензиите на креветчето,јас на пример имам омни креветче и баш планирам да порачувам и бидејќи е со помали димензии поефтино ќе ме фати
Чаршав, навлака за перничка и навлака за јорган беше 850, плус 120цм плетенка 800 денари. Предобра комуникација, малку почекав за дезенот затоа што тоа што го имаше на залиха немаше да стигне за порачката па навремено бев известена. Сега и ради коронава им каснат нарачките ама ништо страшно. Преубаво спакувано беше, штеташто не шијат по мерка и за спална.
Ммм позитивно се изненадив од ценава, очекував доста поскапо да биде. Јас им пишав на страната на инста пред некое време, ми кажаа дека за се можам да се договорам со дизајнерот телефонски. Па се мислев како би избрала дезен.. Како избра ти? Јас имам фора уште некои 3 месеци дур да дојде беба, ама да си нарачам со време значи..
Да мила ја знам и таа страна, ги има многу што прават веќе. Побарав да ми пратат дезени и они и неколку други страни, па да се решам конечно за модел и боја.
Мамички совет за некоја продавница во скопје , уште подобро он лине со убави бебешки фустанчиња за бебе 5 6 месеци , зара и окаиди ништо не ми фаќа око, со време да си се спремиме за прв велигден , не дека многу ке отидеме некаде ама сепак прв велигден ни е
Баш прееска ја споделив странава. Немам ништо одтука порачано, не знам ни цените, ни материјалите како се, ама ептен ми фатија око алиштата за девојчиња. https://instagram.com/babyshop.mk?igshid=nvtpgx5h8d6 Еве нешто и за акцесоари https://instagram.com/lollipop.kids.accessories?igshid=kmoitfvbhryl
Леле се е пре преубавооо Јас немам и инстаграм...ама како што гледам какви ствари има..ќе мора да си инсталирам ,највеќе за вакви стварчиња
На ФБ ги следам Облека по ваш избор и Baby & Family online boutique и имаат прекрасни парчиња, фустанчиња секојдневни и за дотерување и цените се солидни
Божем да му сменам шише, на медела користевме, на ова пишуваше 6+ ама толку тешко се влече јас едвај да повлечам! Па ја дупнав ))