Катастрофа се овие, имам и јас само друг дезен. Баш и за мене беше тешко да влечам. Пробај со цевка, со чавче за ракија. Се изнакупував шишиња со секакви клунчиња и почна да влече од чаша со клунче на Томи Типи, но не е некапечко. Следно од цевка ќе го учам да влече.
Добар предлог! Претпоставувам ќе цуца бидејќи шмукалчињата знае да ги срка, сум пробала. Цевка гризе, а од шмукалче влече.
Ќе пробам, инаку од цефче пие сам и тие на хип ги шмука. Ама ова толку го дупнав ми е страв да не се засркне. Ќе видам и само цуцла да се смени ако не за поголема возраст.
Многу се убави, како човече Само страв ми е од копчиња, сега дрпа со палец и показалец, па се плашам да не откорне и си пикне во уста Гледам како ги дрпа од маиците на татко му.
Ааа и ти со истиот проблем како мене 'Што ако?'. Овие му се планирани за од јуни натака за надвор, кога веќе ќе биде прооден, па се надевам други работи ќе му привлекуваат внимание, а не нешто на него. А и мислам ептен тешко да се извадат.
Па јас кога нарачував немаше попуст, а и еднаш пробав да нарачам кога беа попустите и само се изнервирав, немаше бројчиња од тоа што ми се свиѓаше. Сега ќе чекам летна гардероба за да нарачам, секако со попустите само се лажам да фрлам пари за нешто што не ми се свиѓа баш. А маиците не се скапи, 350ден е една.
Синко за шетање лани носеше поло маици и ни еднаш не проба да ги корне копчињата. Не можат да ги видат кога се на нив, немајте гајле. Јас начекав неколку на попуст, по 150 и 200.
Јас од Трифантино нарачав постелнина како првата само без плетенка и перничињата се како на втората,нарачав плус гнездо од Мерино и плетенката се вади па таман понатаму ќе си ја користам неа како оградица. Постелнината има едно големо облаче перниче кско оградица кај главата,чаршавче,јорганче и плус две декоративни облачиња и беше 2450 ден. А гнездото од Мерино 1700,задоволна сум од двете,да го наместам креветчето деновиве ќе ставам салам слика.
Многу е убаво Само гледам перничето е доста високо, не го ставај до година. Мислам ти како сакаш ама не се препорачува.
А не,нема шанси одеше заедно со гнездото ама како ми се нашло мене за потпирање мешко во спиење немаш појма хаха,таа големата перница за трудници никако не можев да ја наместам, некако многу голема ми беше и сега со ова си го потпирам
Може да пробате со овие, од baby love се, некапечко, одма го прифати син ми, прв пат проба од цевче да пие.
Перница по 2 години или кога сами ке побараат. Синко сега на 20 м побара. Кога спие до перница во сон се качува и спие на неа. Тоа е знак дека е спремно детето за перница.