Ќе видиш дали ќе треба. Обично вакви се препорачува да се ставаат под душекот, значи поткренато да биде ама пак на рамно.
Другарка моја ја користеше, на малата нејзина многу носето и се затнуваше па и помогна. Моето еден период многу повраќаше и ми ја даде на проба. Се препороди бебево, си разгледува, се средија млазовите, win-win за сите. Ја препорачувам, само не оваа кратка варијанта, истата ја имам и мора тетри да редам за биде добар падот. Долгите што сум ги видела се со штитници од страна, не ми се допаѓа тоа, искрено custom made би си направила. Само сунѓер е, никаква филозофија. Можеш и душекот од креветчето да го подигнеш во анти рефлукс позиција. Навечер малиот на рамно ми спие, не користам перници, ниту анти рефлукс позиција.
Прво пазарење од аптека и изгледа последно сега за сега. Друго се што ќе треба после пораѓај, не можам да се движам веќе џабе е. Пелени на Бекутан имам мама што ми купила, ќе изодат за во болница отпосле ќе видиме кои.
Така и мислев,некако тргнав од себе,кога бев последно на цтг ме легнаа на грб и на една прениска перница скоро и да ја немаше,значи умрев од киселини,прелошо ми беше,затоа мислам и на бебкиве сигурно им е подобро малку поткренати.
Истото ми се случи и мене, почнав да губам воздух, да се потам, мислев ќе се онесвестам, а плус некоја хируршка маска носев ми смрдеше многу ама тоа дека трудна до заби и притиска бебето на белите дробови. Инаку, бебе што нема проблем со повраќање е најдобро на рамно да си спие.
Имам забелешка за лажичињата, тврди се, барај силиконска. Не дека не бркаат работа, ама некако помирна глава со силиконските ми е. А и за ножичките, ок се, вршат работа ама почнаа 'рѓа да фаќаат по малце после вториот месец, планирам да ги сменам за брзо.
Со павловичевата продерм си правам за мачкање на сувите делови на телото со ад капките и бадемовото масло, многу ми е сува кожата па ова ми помага и плус за брадавиците ако ми притреба ќе оставам некоја капка немаше ланолин во аптеката додека да земам следен пат. Лажичките така ги земав, сега секако не ги употребувам, ќе земам и селиконски секако ако не се покажат добри. А јас општо сум скептик за ножички, ич незнам како ќе сечам со нив искрено страв ми е скрос, ова колку за почеток после ноктарица ќе земам секако. Може ли со ноктарица, зошто мора со ножички да се сечат?
Има и некои бебешки ноктарици, верувам дека тие може уште одма да се користат. Ја во последен момент купив ножички, немаше ноктарица во аптеката. Не знаев ни ја со ножички ама лесно е, одма се навикнав. Лажичките за брзо време ги почнав, прво за да измолзам млеко и да капнам од капките против грчеви, после и за пробиотикот истото почнав да го правам.
Со што сакаш може, но јас од прв ден со ножички сечам, нема шанси со ноктарка. Порано му сечев додека цицаше, а сега после јадење додека е снеможен од ситост во хранилка. Не можам ни да замислам сега со ноктарка.
Што има врска дали е метална лажичката или силиконска? Јас од новороденче давав капки биогаја со обична кафена лажичка...секако нема јаде со неа понатаму кога ќе шлапка сама ќе земам силиконска
Јас денеска со метална вилушка му давав ама така се погоди, дека се повлече од мојот тањир да јаде. Страшно е само на почеток додека го научиш, а после е поопуштено. Сум му давала со метална лажичка многу пати.
А јас помислив да не има нешто врска материјалот... А инаку уште не јаде малата, само за капките не ни купив лажичка, со обична давам. Сега здравје кога ќе почнеме со вкусови ќе земам силиконска да не се утепаме додека лапне