Не зборам за штетно дека е или нешто во таа насока. Ама моето бебе кога и да требаше да и давам со лажиче нешто, почнуваше со главата лево десно и страв ми беше да не ја повредам, од тој аспект претпочитам силиконска.
Вир земи си повеќе. Првите денови многу се крвари и јас ставав по 2-3 и многу често менував, и сигурно потрожив 3-4 во болница само.
Во среда после преглед ќе застанам набрзинка ќе доземам шо ми остана само и Вир уште ќе земам секако тогаш. А ме интересира за бебето колку пелени да носам во болница и дали да земам тетри, павловичева или влажни плус?
Зависи каде ќе се пораѓаш. Јас бев на ГАК, тетри не ми требаа, пелени памперс земав едно мало пакување, со тоа што доаѓаат сестрите и ти бараат пелени, павловичева џабе носев не им требаше, имале они големи пакувања, а влажни бараа по неколку на секое доаѓање за бебето, ама не ни потрошив пола, ама затоа за мене потрошив едно цело во тие 2 дена. Да си пребришеш нешто, за рана само со вода туширање.
Зависи прашај си таму, во Чаир гледам само пелени и павловичева бараат, пишува дека влажни марамици е забрането, баш се зачудив
Како забрането?Од кога тоа? Јас пред два месеца кога се пораѓав немаше такво нешто,ни бараа влажни за бебето.
Колку го зема шишето? И јас мислев нема да знам со ножички,ама ми беше полесно со ножички отколку со ноктарка. Инаку многу брзо се иступеа овие,па купував нови,па и тие беа за никаде и на крај земав ноктарка.
Грешка сум изгледа,ова за кај родилките е, знам дека сликав, јас инаку си спремив баш од вашите совети тука. Сега гледам според списоков, за кај родилките е а?
Да за тие што им носат од надвор,ама знам дека со месо работи не даваат,но пак може ѓеврек такви работи мене сопругот ми донесе.Веројатно ради коронава е тоа ставено.
Мојава сега на 7 месеци се бутка до перница да стигне ...во креветчето нема и немирно спие додека не стигне до крај/најгоре. А кога спие на наш кревет додека не стигне до перница...ама не сакам да и ставам рано ми е некако...?
@Nefertiti. Јас со грицкалка од прв ден. Томи типи земи си, една друга имав ама му ги гмечеше ноктите. Ножички не знам како да користам. Рано е, барем година и пол да е, а препорака е по 2. И синко се бутка додека да дојде до нешто да ја допира главата.
Благодарам за инфо, ќе си го порачам. А каде да најдам убави меки бајнарчиња за бебе, по можност онлине?