Провери во Андреј Компани има многу убави комплетчиња на Би Бејби, ептен убав памук. Ова што го прикачив е од таму, го планирам за излегување од болница ако не е многу жешко во Јуни.
Фала ти, баш ќе проверам. Вчера прошетав ама нешто не ми фатија око ич, овие што ги гледам на интернет повеќе ми се свиѓаат. Ќе видам и таму, ако не ќе си нарачам
Јас купив комплет кутија на би и големки му беа и баш ми е криво, ама ете прво па и никој не ми кажа дека ке е толку мало слатко.... за од болница гледај си уште помаленки...
Можеш да го изнесеш во било што и од било каде да купиш. Јас не купив ни една кутија, има куп непотребни работи, како ракавици, капа, горен дел на преклоп, боди со кимони. Се си купувам одделно. Искрено ни на око не ми се убави. Има преслатки работи по продавници, кутииве ми се демоде во споредба со останатите работи.
Да се надоврзам, избегнувајте ги бодињата од Окаиди, кројот е премал. Купив 6 бодиња, пишува на нив дека се за 3 месеци, а всушност се за 0. Ги измерив со останатите кои ги купив од други места за 0-3 месеци и констатирав дека се помали во обем за 2 см. За ракавчињата и да не коментирам. Се излажав по дезените.
Да, и подоцна ако купувате од окаиди да знаете дека се помали моделите. На пример син ми на 6 години тренерки за 8 му купив, а иначе си носи нормални, од некој фирми дури и помали броеви од што е. Ситничок е
Вреќичките за спиење исто аут. Незнаете колку ми е криво како немарливо ја купив тогаш незнам. Таа од 0-6 месеци ама не запазив ич кај вратчето. Таму тесна тесна кога ја закопчав абе прст немаше кај да се стави а 1 месец ми беше беба. Поправки правев додавав демек нешто ама ептен ми се скрши филм и ја баталив
Работилница Булка Активни се и на фб и на инстаграм... Прекрасна изработка, се воодушевив кога ги видов Топла препорака!