убав квалитет се првите комплетчиња? Ги гледав на некоја страна за супер цена беа, па ми беше шубе да не не се убави. И како се викаше страната ако можеш да ми кажеш ако си задоволна.
Да многу се убави, јас бев позитивно изненадена. Баш се меки и лесни за облекување на бебе. Капчињата ме бендисаа што не се многу стегнати. За парите се перфектни. Бутикот е Baby Shop Bomida и беа 3 комплетчиња за 700ден. Тие од бутикот префини, и ми испраќаа слики во живо од се што сакав да порачам. Пратката ми стигна за 1ден.
Една мала препорака. Перничињата да не ги користите, гледам на слики ги ставате во темава Според ортопедот, затоа што треба да лежи на тврда и рамна површина, а и затоа што можело други деформитети да се направат на главата. Баш за овие перничиња прашав, рече никако.
Перничево од Андреј компани 380 денари убавко е како со мемори пена и не е високо. Од Енци Менци 2590 денари. Ама ептен е добар пошо како 3 во 1 е, играчка за над креветче, коа ќе потпорасне пак на едно како сталаче се става странично на креветчето и после може како ламбичка да се користи. Има и музики и проекрот и ламбичка. Не е многу светло светлото така да не верувам дека бебе би се разбудувало и дека би сметало
Имам прочитано дека не се препорачува ама така некако безвезе без размислување го земав. Ќе видиме дали ќе се користи или ќе стои како украс
Не само што не се препорачува него е и опасно. Бебе мора да спие легнато на грб со главата на страна. Во спротивно има опасност од гушење.