Прекрасна е со здравје да си ја користите И јас ја меркав оваа ми изгледа како појака ама кога барав на едно место немаше ваква црна боја само кафеава ,,, од каде ја купи ти ?
Ако немаат одоздола најлонска облога можеш, битно е да дише раната (најчесто има рана од епизотомија). Јас на пример и кога се вратив од болница носев вир може 2 недели оти ми беа некако поудобни и не ми се лепеа на раната, обичните ме потеа и ми се лепеа.
Која количка е оваа и која и е цената? Многу е убава. Јас допрва почнувам со разгледување колички и не сум баш упатена што и како
Количкава e Polly од Moni. 16.000 ја плативме во Charli, а малку поскапа е во Скопје. Ја има во Енци менци, околу 18000 и нешто. Има црна и беж мислам. 3 во 1 е.
Сината шпихозна е лен со памук, многу мекичок материјал. Шарената е памучна и е нежна. Сенф шпихозната е подебел памук, најмалку ми се допаѓа, а се залетав само поради бојата За по дома ќе ја биде