Уште не сум почнала како што намислив кога дознав дека е девојче, мм ме држи под контрола, само на некои попусти се вадам Ама осеќам дека летово нема да успејам да се исконтролирам и цела заштеда ќе отиде на ромпери, фустани и гаќички
За тоа се живее! Јас ништо за мене си немам купено а си викав сеа на породилно цело за мене ќе си го трошам Се е за бебуш незнам што е доста
Аи мамаааа. Леле ти се верува дека уште многу малку ќе се гушкате со бебуш?! многу се радувам за тебе Него ај упати ме, што се тие доле лево во кесичка како со ножици пластични внатре? И колку пакетчиња ВИР влошки требаат?
Некако полека ми слегнува дека може буквално уште сега да се породам. А, можи и по 1 месец. Пробувам да се чувствувам психички спремна, тоа ми е најважно. Учам дишење сега. Ствари докупени (освен цуцла и пелени), торбица спремна, креветчето го наместиме в спална. Сега ќе лежам, ќе јадам и ќе чекам да почнат болките. @Bicka77 Тие доле лево се сетови за преврска/дезинфекција на рана. Му ги дала колешка на маж ми од кај неа од работа, ама убедена сум дека мора и по аптеките да има вакви или слични сетови. Би го користела за тоалета на папчето на бебка. За вир влошките не бев сигурна колку да земам, затоа само едно пакетче зедов. Секако за в болница нема да ми требаат, ако треба отпосле, ќе докупам. Решив од предвреме да не купувам ништо што не сум сигурна дали ќе го користам (градници за доење, силиконски брадавици, чај/капсули за доилки, Д3+К1 капки за бебе-во случај да не е на доење, нема да ми требаат со К1....). ЕДИТ: ја отворив павловиќевата. Одвратно мириса и искрено се сомневам дека би ја користела. Предлог замена?
@IRBBB за дома мислам ќе ти требаат повеќе влошки. Мене барем поубави ми беа тие и скоро цели 40 дена ги користев. На моменти ставав и по две. Не дека не може да се докупи отпосле, само истренирај маж кај ги има у случај да не можеш ти да отидеш.
Аааааааа ете шо било. Иначе паметно мами да не купувааш пред време некои работи. И ние па какви сме, не е дека од коа ќе се породиме на друга планета ќе се преселиме и дека ништо нема да има ко демек ако ни зафали нешто нема да искочиме да докупиме или да пратиме некој да ни докупи. Уживајте мами и само со лесно да поминеш
@Bicka77 опасен дечко е. Дур се мавтав кај цуцлите, си извади картичка од Еурофарм, секако ќе бил пратеник за купување ствари, барем поени да си собирал за попусти. @kostovaivana амин мами, кај сите со лесно и убаво да е.
Тоа е уствари оригиналната павловиќева без никакви додатоци,можеш да замениш со Павлодерм,Продерм,Бејбигал,јас не би ти препорачала да ја менуваш. И за Вир влошките уште едно паковање мислам дека ќе ви треба најмалку,сепак во едно има само 10 влошки.