Можеш и со веледа за лице што е, нема никаков посебен мирис. Од сите влошки со мрежа овие се најгрди. Имаат пластика доле и мене ме гребеше. Бони се 100 пати подобри. Ке ти требаат уште, јас сигурно 10 пакувања потрошив, по 10 се внатре а ставав по две првите денови. Силиконски може да ти се од помош. Јас ги носев во болница и со нивна помош синко ги извлече брадавиците. Чај ке помогне за надоаѓање млеко. Куп алишта се непотребни, не мора да имаш 10 аутфити, 5 се доволни за почеток. А подобро да имаш отколку да трчате после. Сега со полициски е уште потешко. Се собираат и тоа доста. Јас пелени од таму купувам некогаш и на 3 месеци кога има пресек, имам по 300 400 денари. Се што купиш се смета.
@curlyhair фала ти. @MilaSs12 влошки со мрежа побарав, само овие ми ги понудија. Ама ете, нека стојат штом треба да прикупам, бони ќе земам следно. Силиконски не зедов, бидејќи на болница ќе ми дадат сѐ што треба. Видов од нив дека има величини и да не давам за џабе пари, ако има потреба ќе купам накнадно. Исто и чајче. Или уште од болница да почнам со пиење? За алиштенца веќе ја зезнав работата. Бидејќи перев и пеглав сѐ, вчера се преброив и имам 15тина комплетчиња. Претерав, знам. Се надевам дека добар дел од нив ќе износи бебе.
Морам да те цитирам за Павловичевата, мене толку убаво ми мириса што би ја јадела На Моцарт Кугли ме потсеќа
Знам, иста бев. И уште сум. Чај можеш и во болница а и дома имај си 1 кутија. Нема штета од него. Бебе никогаш нема да износи алиштенца. Додека е бебе на 3 4 недели ке менуваш. Понатаму секоја сезона.
@IRBBB со лесно мајка Јас па 4 паковања бони имав купено, едвај две потрошив во болница. Дома уште од прв ден со обични влошки терав, ептен малку крварев. Мислам немаш потреба повеќе да купуваш однапред, чинам во плодност ќе се пораѓаш? Таму секако ќе ти дадат, ако ти треба за дома ќе докупи мм. И силиконски исто отпосле може да се земат ако има потреба. Чајот е корисна работа. Јас ич мака не видов со доењето. Уште од болница бебе си цицаше и млеко имав, болки никакви со брадавиците. Ама ланолинот доста корисен ми беше, посебно дека напочетокот бебе нонстоп на цице. Имај во предвид ако се доите тоа да си земеш. Ништо немам искористено за сега од шишиња. Колку различни цуцли купив ниту една не ја сака, а баш мислев ќе сака бебе цуцла. А сега се што ми треба само слика мм од продавница или јас барам по нет слики и така го праќам да пазари.
Фала ти мами Да, здравје во плодност сум во план. Затоа не сакам од пред време да купувам нешто што може ич нема да го користам или нема да го погодам, оти немам поим што барам. Тоа силиконските се користат само за вовлечени или мали брадавици или јас грешен впечаток имам? Ланолин имам, се мачкам уште од пред 1 месец. Го имам тој на Lea mamma, ама мислам нема разлика или и од тоа има различни? Шишенце зедов едно, да имам за секој случај. Дај Боже да сме на ексклузивно доење, ќе го искористам понатаму за чајче, сокче. Цуцлата таа на Авент што ми ја препорачаа тука ја немаше во две Еурофарм аптеки, ми останаа уште две да ги проверам утре, не стигнав денес. И мислам дека нема да се борам за цуцла, ако фати арно, ако не пак арно. Туку, адаптирано не зедов. Се двоумев дали да земам една кутија за секој случај да имам, ама и тоа реков ако има потреба ќе купиме накнадно. Океј е? Чај за доилки на хумана да земам океј е? Или друг некој е подобар? Инаку и со мојов мора со слика, инаку никогаш нема да се разбериме. Најјак ми е кога ќе ме праша 'а ова зошто е?' му објаснувам и збунето 'епа да, има логика' а поим нема.
И јас ти препорачувам да не ја менуваш, таа е најубавата павловичева, уште пред 7 год синче само таа ми ја прифатиш
Џабе ги мачкаш брадавиците мила. @Kaetana баш за ова имаше пишувано во темата за доење уште пред да се породам јас пошо знам и јас ги мачкав и после нејзиното објаснување престанав (не се сеќавам точно што беше објаснувањето) За ланолин мене, а и на други членки тука најубав ни се погоди Пурелан на Медела. Јас го користев многу малку, немав распукани брадавици ама ми беа страшно болни и после подој ги мачкав за малку да ми омекнат. Силиконски може нема да ти требаат, а нив ги даваат и за разранети брадавици. Мене ми ги дадоа во болница заради мали брадавици, малку ми беше тешко додека ги тргнав (3 недели доев со такви) зошто бебе научено на нив, ама ептен упорна бев и си фати без. Ако немаш таков проблем нема да имаш потреба. Мене на хип чајот за доилки ми е превкусен, друг не сум пробала. Не ни пиев јас на почетокот дека имав млеко на претек, почнав кога бебе беше 3 месеци и во скок и кога не ми цицаше многу. И пумпа земи си да се одмолзуваш после подои на почеток, убаво е за стимулација а и празнење на градите зошто бебе не може се да исцица. За цуцла не инсистирај, ако нејќе немој со сила да даваш. Немаш потреба да купуваш ссга ад, ќе си купиш подоцна ако имаш потреба. Ама гледај што повеќе молзи се и давај го тоа ако веќе мора да се дохранува.
@VDT2906 Тренерчињата тие што беа по две, по околу 400-500. Исто и бодињата одеа по две и мислам дека беа тука некаде со цената. Не се сеќавам дали нешто беше на попуст. @IRBBB Ти препорачувам павловичевата пред да ја користиш, да читнеш во Детска козметика поназад низ темата, имаше подолга дискусија за нејзиниот лош состав, па после одлучи си дали ќе ја користиш.
@IRBBB Да за тоа се користат силиконските, јас ептен среќа имав и со градиве и бебе се погоди цицалче. Не купувај ни ад уште сега. Мој совет разгледај знај што би купила доколку дојде да имаш потреба од нешто, да можеш убави насоки на мм да дадеш. За чај јас го пијам лакта микс во аптеки го има, ама мислам кој и да го земеш ќе има ефект што знам. Пуреланот на Медела е предобар, првите две недели ептен ме спасуваше. Немав рани ама од долго цицање на бебе ептен ми помагаше, сега веќе ептен ретко ставам по потреба. За газето и општо се за бебе јас користам на веледа. Тоа куферчето со трите производи има и за пеленска регија. Купив и јас од павличевата ама не сум ја употребила. Оваа на веледа ми е супер за сега. Едит: Јас од се ова што имаш купено имав само плус силиконски лажички. Со нив ги давам пробиотик капките.
Ќе видиш во болница ако ти надојде бајаги млеко нема да купиш ад, а ако немаш баш како мене ќе си купиш,ние на враќање од болница земавме,ништо страшно. Од силиконски не секој има потреба,јас имам големи испакнати брадавици и немам никаква потреба,не фрлај 800 денари предвреме. Цуцла земи една да имаш за секој случај, не да го тераш да фати ако не сака уште поубаво, ама моево вриштало од прв ден ја фати само така не ја пушта сирената Се се докупува, и мојов вика пратеник сум нека трчкаат де малку, не им се секирајте толку,ќе се купи
Павловичевата ја користам и јас одвратно мириса ама ептен е добра, ние сме 4++ и до сеа нема никакво црвенко во тој дел, иако ја мачкам после какање откако ќе го измијам, за после мочкање ништо неставам само тапкам со туфер А за ВИР влошки и те како ќе ти требаат и јас ги користев 40 дена
И јсс мислам силиконски да не купувате предвреме, не се знае дали ќе ви бидат потребни. Ги купив и стојат неупотребени, но важно ги стерилизирав за во болница и така останаа. Бебе убаво си фати и ниту еднаш не ги употребив.
Според мене крема за пеленска регија подобра од Судокрем нема, моето од оригинал Павловичева се изфрли и почнсвме со Судокрем , дури и сега кога нема проблем ја користиме и мислам дека е супер
Судо е крема со цинк оксид и по мене не е потребна за секојдневн употреба, туку да третира проблеми кога има. Мене не ми помогна за бебе. Ми помогнаа двете креми на дм заедно. Дадов пари за се и сешто, а проблемот го решов за 200 денари. Ене ги кремите уште ги имам.