Да ве прашам, дали сте ги купувале овие бодиња од tiny baby shop и дали величината одговара на месеците? Пример 6-9 месеци одговараат на 7м или се помали димензии за помали бебиња? Мислам ме разбравте што прашувам
Мене досега секојпат ми одговарале ) првите кои ги нарачав најбрзо се скусија ама тогаш беба беше мала и растеше со брзина на светлината Супер квалитетни се
мојава дека ситна дури и во помал број ја збира, ама стандарт се, ако си е стандардно детето. Еве и за новото бебе порачувам се од Георге, супер се бодињата. Само прво перење малку се збира памукот особено во сушара што е и нормално.
Баш 6-9 имав земено, и мислев ќе ги носи од 6 до 9 месеци како што ги носи од Ваикики. Многу кратко ги носеше од Џорџ, откако ќе се исперат, не се баш според бројот. Најдобро е да си земеш 9-12.
Во Капитол. Имаше за мали и за големи, средна возраст најслабо имаше, ко за сега. Денес бев во план да одам до Рамстор и таму да видам што има. Само во сити мол е тапа!
Во Рамстор е пуно, завчера бев имаше и жолтки џемперчиња на копчиња. Некако вчера во Капитол повише ко да имаше роба.
Најдобро види на страната на george до колку кила се броевите, јас бодиња користам еден број поголеми, а шпикозните му одговараат бројчињата дури и од 3 до 6м уште ги носи а е 6м.
Јас секогаш земам поголем број. Тие 18 - 24 му беа таман на 11 12 месеци. Ама за просечно бебе ке е добар бројот. Мене се што е памучно ми се смалува небитно од каде е купено. Квалитетот е топ и дезените се преслатки.
@Alishan30 јас земав боденца пред некој месец и баш ја објавив табелата месеци со килограми Може ќе ти помогне
Ја гледам табелава и се трудам да ја сфатам, но нема шанси моево да носи 6-9 сега. Има 11 месеци и една недела, 9600-9700 gr, долг е 74-75 cm, а носи 12-18.
Секое бебенце е различно Но и јас секогаш би земала поголемо бројче за секој случај.. Јас однапред купив, сеуште не сме ги пробале, има време ама јас си земав за секој случај 0-3 и 3-6 за почеток