Веќе второ дете раснеме со производи на George и ние најчесто се водиме по оваа табела, обрнете внимание на должина и на тежина не ги гледајте месеците, а доколку употребувате сушара може само малку да Ви се соберат.. тоа е моето искуство
И јас кога зимав бодиња од Џорџ си ги носеше точно за месеците дури и плус еден месец моделите на куси. Моделите на рамки не бев ич задоволна не и беа воопшто таман. Како и да е зависи и до конструкцијата на детето.
На моето па тие на рамки многу повеќе му се погодија. Порастегливи беа, овие бодињата на куси беа ептен нерастегливи. Заборавив да кажам, не сушам во сушара. Всушност, додека нешто не пробаш, не може да знаеш, не се баш табелите некоја гаранција.
Не сфатив што се за Џорџ. Моето не е крупно и не носи сè поголемо, Џорџ многу малку ги носеше, мали беа. Ваикики му се во ред, ги носи до крај на бројката откако е роден. Џорџ 3-6 не ги носеше до 6, а Ваикики да. Очигледно, имаме различно искуство според коментарите за Џорџ и затоа табелите не се баш релевантни за сите.
3 до 6 многу се големи за новороденче од овие? Сакам да нарачам ама од 0 до 3 да не се мали а сепак не се едно две бодиња. И ако се малку поширочки немам проблем тоа.
3-6 ќе бидат како позајмени. Мојата е крупно бебе па сепак и купувам по цм и секогаш и одговараат и никогаш не ми се смалило нешто.
За џорџ брпојките се реални за месеците, ако бебето е просечен раст. Лошо сум се изразила. 0 3 за бебе, 3 6 се големи за новороденче.
Малиот на два месеци имаше толку, затоа чисто прашувам за да имам престава. Вчера во вајкики ги гледав тие од 0 до 3 ептен мали личат многу како 50ки.
Што се подразбира под просечен раст? Мила, не ме читаш ти изгледа или со брзање ме читаш @monik55 Зависи од детето со месеците и величините, но на малиов на 5 месеци му пукаше жолтото бр. 3-6, а слабичок беше. Ако земеш со куси, не можеш да утнеш со поголемо бројче. Во смисла, ако не како новороденче, ќе ги носи кога ќе му бидат точни, секако боди со куси неискористено нема да остане, знаеш.
Јас увидов разлика од Tiny baby shop и Облека за возрасни и деца, но може и општо го смениле квалитетот на бодињата . Првите ем ги перев на високи температури, ем сушев во сушара и ги носеше еден месец повеќе,за разлика од другите. Како и да е облека нарачувам 90% од таму и си ги носи секогаш повеќе од што пишува, на квалитет се супер и не мрдаат со перење, за разлика од некои работи од Зара. Оли те цитирам ама не те цитирам
Ќе земам едно од 3 до 6 па ќе видам како ќе биде па ќе земам и од 0 до 3 ако треба. Просечен раст нема знам по батково дома. 99% му е се од вајкики и блузите пример од 3 до 4 години му се претесни. А 4 до 5 онака таман и комотно а има 2 години. Зависи од детето, на 2 години носи патики 27.
Можно е да има разлика, но нели се од Џорџ и таму и таму или едните матат нешто? Треба да се потсетам дали од Тајни или од Облека ги порачав, не се сеќавам. Страв ми е да порачам пак откако се зезнав.
И двете имаа етикети Џорџ, но може не порачуваат од иста држава и тоа да има разлика. Пример бодињата што не ми се погодија другата облека се ми се погоди и го изнаноси може така нешто фалично ни се погодило.
И јас од Џорџ што нарачав, фрлени пари. Не ми текнува точно како беше ама да речеме малиот имаше 5 месеци, јас нарачав 6-9м и само две бодиња успеав на сила да му ги облечам да се уверам. Ракавчињата претесни, материјалот крут, па и тие беа некако едно пократко, едно подолго. Малиот иде цело време побрзо во должина ама па не е со 10цм понапреден. И реално, кое е просечно, а кое понапредно растење? Ги нарачав од Облека за возрасни и деца, може тие матат нешто. Еве пак се изнервирав што се потсетив.