Јас имав Џорџ пуштени од странсто и беа топ. Исто и Тини. Колкаво и да е бебето, 0-3 секако е доволно за почеток.
Ништо чудно тогаш и јас од тие да сум порачала Баш како што опиша, едно претесно, друго подолго, да ти е страв пак да порачаш.
Моево нема ни два месеци, бодиња Џорџ 3-6 му се сосем точни во должина. Малку широчки во меше, а ракавчињата тесни во ластичето. До 3 мес ќе ги носи, повеќе нема шанси. Најмногу ги износи од Зара и тие од кали (лидл марка заборавам како се викаше). Растегливи материјали,не му висеа на почеток а уште се супер. Растат со него и одговараат на месеците. Материјалите од Џорџ се убави и удобни, ама нееластични.
колку кг е твоето бебенце, сега правам порачка за новороденче едни порачав од 0 до 3 и сега се мислам и едни од 3 до 6 според ова ти што кажуваш за да истераме до 4 м барем. Мојава поголема е ептен слаба иако е 2 ипол г, уште ја збираат тие од 18 м, затоа ме чудиш сега и не знам како да порачам.
Ќере е 3++, сега веќе и се ептен кнап 0-3 на џорџ, денеска ги пензионирав. Понеделникот беше 5.2 кг. Од тие што ги спомна @LivingGlam од Кали и нејзе ептен и се погоди бодито, штета само едно беше тогаш, планирам пак да идам да видам дали има. Lupilu мислам беше таа марка. Btw, вчера нарачав на кратки 3-6 за овој период сега, и едни 6-9 за летото од Tiny baby shop.
Да лупилу најмногу се носат, ама слабо се наоѓа нешто во Кали. Утре ќе носеле роба можи ќе поминам. Порачав едни 0-3 и едни 3-6, па баш ќе видиме. Моето ќе е јунско бебе секако ќе ни требаат боди на кратки ракави и ќе се искористат. Ќерка ми беше зимско и се на долги од неа имам.
Просечен раст е бебе од 3 кг кое качува 1 кг месечно. Бебе родено 4 кое качува 2 кг првиот месец е крупно.
Мајки waikiki во скопје каде е нај снабдено со летна гардероба? Не сум од ск а планирам да идам да подновам беба за лето па да знам кај да барам, не ми се шета мн со вирусов
Просечен раст на бебе е за 6 месеци да ја има дуплирано родил ата тежина а на година тродуолирано. Ако е родено 3кг, на 6мес треба. Да биде 6кг, а на година 9кг.
Не го мерам нон-стоп, ќе мерам на 2 мес. 4600 беше на месец, сега е над 5 кг сигурно. Голем е, долг. Нормално треба поголемо бројче за него, ама Џорџ во споредба со другите му се помали. Зара и лупилу 62 уште му се точни. За моево Џорџ3-6 до 4 мес тешко. Шпикозните можеби, ама боди нема шанса.
Само нека го сака, ќе бараме и друго. А веќе имам две од тие со мечињата, само што навистина се поголеми околу устето. Самата форма и големина на цуцлето е иста, ама огромна е разликата на другиот дел (не знам како се вика ).
Не, убаво пишав првиот месец 2. Потоа по 1. Ама затоа од 1 година стагнира и во висина оди. Гледам каков буцко бил лани, сега е комарец.