Мила да ти дадам контакт да прашаш, оти стварно не знам. Ама со оглед на тоа дека сега сите работат онлајн и вршат достава, се сомневам дека овие не работат така.
За грешење знам дека ќе се носат, дилемата ми беше дали ако земам 6-9 а ќерка ми е 7 со скоро 9кг ќе и бидат кнап. На ваикики носи 74, но знае и 80ка да носи од други фирми. 9-12 може ќе и бидат за сега овие 2-3 месеци точни. Затоа таа величина ја одбрав.
Стигнаа и моите од tiny baby. Преслатки се и памукот е многу убав и мек. Јас нарачав 0-3 ама некако мали ми гледаат, мислам дека ако е поголемко бебе баш до 3 месеци нема да може да ги носи. Така да препорака тие што се мислите нарачајте си поголем број. Овие 0-3 за почеток се одлични.
Леле прекрасни се... Ги меркам и јас ама се мислам дали да нарачам, зашто ми требаат сега ептен мали, баш за почеток, овие што ги изнакупив 0-3 баш што викаш до 3 месеци ќе му бидат, ама несакам на почеток да му висат... Баш сакам бар неколку да има онака таман, макар по два пати да ги облече... Овие викаш малечки се??
Па споредбено до 62ки шо имам јас некои бодиња овие се помалечки. Мислам дека овие за почеток ќе се таман. Може евентуално првите 2 недели да висат малце ама мислам дека ќе се ок. Дс си нарачаш, ич не се мисли