Кога им пишав во порака да стават величини и цена, ми вратија дека ако некој сака да нарача ќе нарача...и како да нарачам ако не знам цена? Ставиле 100 слики и нигде цена и величина па ако ми се свиѓаат 50 работи сите ли треба во порака да им ги праќам...тоа е исто како во бутик да отидеш и да нема цени и да ги прашуваш продавачките цело време.
Баш така! Среќа еве има други страни со цени, овие не ги ни погледнувам веќе иако имаат повеќе избор.
На " Obleka po vas izbor- izberete brend" исто има цени наведено и величини, имам порачувано и многу се фини и корекни.
Сите три се масло од репка, конечно успеав да ги набавам, првото од baby love, другите две од Хип. Се стават во кашички како маслиновото или путер. Наводно, полесно какаат од репката.
Леле глуп муабет Која е финтата за вакво нешто не ми е јасно. Досадно им е, па сакаат да се занимаваат со враќање на пораки или сакаат да губат муштерии? Глупости. Мене незгодно ми е по стопати да им пишувам, па да ги чекам да одговорат, па после ајде пак. Кај имам време да се маткам така.
Ни јас немам време а ни нерви. Прашав еднаш два пати и се беше скапо, тренерки 2200, дупло од сајтот. Нема шанси да дадам толку пари, има и други продавници кај нас со фенси алиштенца.