Фала ти, ќе гледам да ја заменам за нешто друго тогаш.Но се мислам за оградници, верувам дека секако ќе ми требаат за креветче.Овие што ги земав имаат за врзување позади.Дали да земам и какви би биле најдобри?
Јас имам од тила, само оградици се продаваат. Тенки се, се врзуваат, може да ги напикаш меѓу душек и даски и нема каде да се пикне бебе т.е. нема ризик од задушување. Ме разбираш на што мислам?
И јас како Мила не користев јорган ниту перница. Дали еднаш ,два пати го имам покриено со јорганот, не е практичен,не легнува како ќебето. Од новороденче го покривам со ќебенце и му го заглавувам кај мишките. Додека беше помало како ќе го оставиш,така ќе го најдеш,а сега веќе имам две ќебиња и кога едното е под него ,го покривам со другото. Не знам со што се полнети моиве оградици ,ги земав од Машнички за деца. Но не се вакви како перници туку обични, како јорган со врзувалки горе доле. Пред некој ден му ја извадив од едната страна,не знам колку пати слушнав туп во текот на ноќта...така да многу се потребни. Колку е висок и кое бројче зема вреќичка?
Извини што те замарам, но сега ги гледав баш оградниците на Тила, па сакав да те прашам дали мислиш на овие?
Сликата подолу отиде. 92ка ама уште од септември му е, тогаш околу 85 цм бил. Дури сега е 90 цм, а јас ја продолжив за 10 цм, значи поголема земи си. Еве овие се. Не ме замараш, мене ми требаа вакви совети а немаше кој да ме оправи да не трупам се и сешто.
Фала ти многу.Веќе не купувам ништо без да се консултирам тука.До сега се си зимав според советите тука, прв пат земав на своја рака сега и одма утнавФала уште еднаш
Јас пак со моите прашањаДека ќе ја менувам постелнина за поголеми алишта за бебе (иако бебе сеуште не е родено), која бројка би треба да земам на шпикозни, боди за возраст од 3 до 6 месеци? До сега изнакупив се летно за почеток 56.
Јас се си мислам дека моето ќе биде помалоне знам зошто, дали дека јас сум ситнаЗначи за од есен по долги да земам 62-68.Фала
Читам си решила да смениш, ама да си знаеш за понатака, секое полнење е полиестер, секогаш се гледа материјалот што директно ќе го допира бебето да е памук, а внатре полнето мора да биде со полиестер.
Од Тила вреќата колку е дебела? И ако купуваш поголеми работи, гледај шпикозни со ногавици да не земаш, нека дишат ноџињата. Две јорганчиња имав, ниту еднаш не ги искористив, сè во вреќа спие. Не знам летово што ќе правам, кажувајте како во лето поминувате со покривање.
Финални подготовки уште 2-3 пара шпикозни за почеток ми фалат и работи од аптека. Се друго е спремно, пола испрано испеглано. Може да искаќа цуци ако сака
@Маја Т јас ништо не би вратила ниту заменила. Глупости. Се е прекрасно. Кога ќе потпорасне ќе користи и јорган и перници. Оградиците се посебно убави имам исти, друг дезен. На почеток до 4ти-5ти месец не ти требаат оти како ќе го ставиш така ќе остане. Кога ќе почне да се врти и треска наоколу ќе ги ставиш. Немој ни под разно да ги менуваш за обични. Тоа што имаат неправилна форма дава поголема циркулација на воздух. И јас имам перница и јорганче неискористени ама до овој момент, тоа е нешто што секако еден ден ќе притреба. Купи си само врекичка, ама почекај да се роди бебе за тоа. Да видиш колкаво ќе биде на зима, па според тоа да најдеш соодветна димензија. Ја освен облога за душек со ластик, воопшто немав такви чаршави. Нема шанси бебе да ги истегне. Уживај во бременоста. @0ли ако до сега успеваше да го покриваш топ. Од сега со ништо. Цела зима е без чорапи и откриена, а јас со термо и покриена до уши. Јас уште се покривам, таа спие во ромпер на кратки. Остави го како на него му е удобно. Верувај тој знае најдобро како му одговара.