И јас сум ситна, ама родив буце а и ова во стомак ќе биде исто. Така да не зимај ништо пред време, па да не биде мало после. Јас не би сменила ништо, ете можеш да си доземеш од оградиците од Тила таман за преперување.
Леле жено, не си свесна што пропушташ бутиков е карши Виола аптеката. Од отварањето на Бисер постои и се ЗАКОН! Секогаш имаат преубави и квалитетни работи за бебиња и дечиња, и за машки и женски а цените им се ниски ама стварно ниски. Сега имаат најново донесено бодиња, боди бенкици и шоикозни од органски памук за 250 денари. Тренерчиња за деца на брезе има по 400-500 денари. Троделни комплети за деца исто по 500-600. Никогаш не претеруваат со цени а преубави работи имаат.Ја секогаш таму сум купувала за поклони а сега и за мојава кукла и не немам процент од бутиков ама како ги испофалив треба да ми дадат
Се согласувам. И јас за бебе имам купено неколку ствари до сега од таму, а и за големиот често зимам од таму алишта. Убави, квалитетни и не се скапи.
Она што е каде што пишува 'ready baby' ? Ќебенце ? Многу убави се. А и се е преубаво, кукличка да биди
Дааа, тие се тенки памучни кебенциња. Од стружанка ги земав. Идат по 2 во пакување и се 690 денари ама многу убави и практични. За одоздола да постелиш како подлога, да го покриеш во количка, за спиење. Ептен се убавки. Топло ги препорачувам и тие
Во тенка вреќичка спие со тенки пижами, околу 21 степен е ноќе овој период. Мирно спие, па затоа мислам дека му е тамам, ваљда ќе се буди ако му е топло? Без чорапи обавезно, по цели денови и ноќе е бос, само за надвор му облекувам. И упорно купувам чорапи, не знам зошто, а најнеискористена работа ми се, скроо сите ги надрасна без да му ги облечам. Ич не се водам по мене бидејќи или се тресам или се препотувам како мрдната.
И јас не се водам по мене. Сите сме различни. Ама чим спие мирно значи е ок, не се секирај тогаш. Јас те сфатив дека имаш проблем со покривање. Мојава на 21-22 степени зимава само во тенки пижами без чорапи спиеше, непокриена. Ич не земав вреќичка оваа зима, оти многу сака да се шири и прета и знам дека само ќе и беше неудобно и топло. Иначе кога ќе почне да му станува неудобно ќе ја тргнеш. На лето нема потреба од покривање. Можеш само некоја тенка тетра да фрлиш преку него ама нозе обавезно надвор. Не трпат ништо на нозе.
Хаха моево со два пара чорапи е...еднаш му беа помодрени од ладно и сега се ни е страв. Чарапа задолжителна работа дури навечер за спиење шпикозни со стапалки и чорапи под нив да не претерувам? Да не го преоблекувам? Онака носи боди бенкица на кратки и шпикозни или горно со долни панталончиња. Ако немаат стапалки обавезно два пара чорапи ставаме
Ја па едно кога ќе научам, не знам да влезам на друго место да разгледам, да не ми е форумов цело време у една продавница ќе идев Баш ќе ја пратам и золвата по шпихозни, да си се опреми со време. Фала ти, ќе пуштам слика за некој ден од шопинг обавезно
Многу е 2 пара чорапи според мене. Ноџињата им се ладни зошто уште немаат ок циркулација, не дека им е ладно. Син ми ми нема месец уште, кога му облекувам долни со стапалче, не му облакам чорапчиња.
Далу му е ладно, на вратчето и на градите ке провериш. Нозете и рачињата им се ладни заради циркулација. Нема потреба од 2 пара чорапи. Доволно е само шпихозни со стапалце, ама ако носи вреќичка ни тоа, пижами без стапалце.
Фала ти најмногу на преубавото објаснување.Ги вратив уште рано денес и си земав две вреќички.Од толку што сум возбудена за бебе, не знам што правам, само купувам и тоа што треба и тоа што не треба Може понтаму да си ја земам пак истата Во секој случај многу ми значи секое ваше споделено искуство и мислење.Фака уште еднаш.
https://www.facebook.com/pikolino.mk/ Пиколино се вика бутикот. Еве линкче од фејсбук страната ама не сум сигурна дали прават достава за други градови
Баш ми е криво што си ги вратила оти беа преубави. Ама нема врска. Мој совет е да не се залетуваш после едно мислење, прочитај повеќе искуства пред да донесеш одлука. Претпоставувам прво бебе е, а и да не е, знам со која радост купуваме работи. За ништо да не ти е криво, она што нема да го искористиш секогаш можеш да го донираш или подариш и да направиш среќно и некое друго бебенце. Моето дете утре ќе прави 21 месец, сеуште купувам импулсивно и еден куп гардероба не стасав ни да и ја пробам пред да ја одрасне. Пред месец дена донирав 2 огромни полни кеси, имам уште многу. Уживај во деновиве оти се единствени. За ништо да не ти е криво. Поздрав.